Камења случајно создадени со наслојување на боите во старите автомобилски фабрики
На прв поглед, овие брилијантни колоритни камења изгледаат како ахати, камења кои се познати по својата убавина и често користени во индустријата за накит. Но, начинот на кој се настанати може да ве изненади – овие камења наречени Фордити или Ахати од Детроит, се всушност наслаги од стари бои за автомобили.
Пред да се автоматизира процесот на фарбање на колите, автомобилските делови се фарбале рачно на производни линии. Бојата од возилата капела на опремата и тука се засушувала. Сјајните парчиња боја потоа се запекувале и се зацврстувале на рафтовите. Откако овој процес ќе се повторел илјадници пати, наслагите пораснувале до дебелина од неколку сантиметри.
Иницијативните работници кои го препознале потенцијалот на овие структури, ги штрбеле овие отпадни материјали и ги чувале за подоцна да ги претворат во накит. Кога овие камења ќе ги обликувале и исполирале, тие откривале импресивен спектар од бои.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.