Какво влијание има стравот да бидете сингл врз вас и вашето размислување?
Многу луѓе веруваат дека ако некоја личност не е во врска, сигурно е осамена и мизерна. Како резултат на ова сценарио со индуциран страв, многу луѓе избрзуваат и се во врски што не им носат задоволство. Постои и цело истражување фокусирано на анти-сингл движењето. Ова резултира со сингл возрасни кои се мета на судење, стереотипи и дискриминација. Со други зборови, не само што луѓето се загрижени ако се сингл, туку тие се и осудувани за тоа.
Истражување
Истражувањето покажало дека луѓето ќе се задоволат со помалку од заслуженото во врска само поради стравот од тоа да бидат сингл. Стравот од тоа да бидат сингл е дефиниран како грижа и анксиозност поради сегашната ситуација без романтичен партнер. Овие симптоми можат да ги почувствуваат и луѓето кои не се во врска, но и оние кои се, но се грижат за нивната стабилност. Додека поголемиот дел од истражувањето се фокусирало на анксиозноста кај жените, истражувачите истакнале дека и мажите и жените можат да почувствуваат неудобност кога се сингл бидејќи чувствуваат потреба да најдат и да одржат интимна врска.
Истражувачите спровеле серија испитувања преку кои го истражиле стравот да се биде сингл. Воглавно, тие откриле дека луѓето со поголеми стравови почесто ги намалуваат нивните стандарди и во врската, и во барањето нов партнер. Ова предизвикува поголема зависност од помалку задоволувачки врски. Колку повеќе се плаши личноста, толку помали се шансите да ѝ стави крај на лошата романтична врска. Кога ќе се земе предвид дека овие луѓе се задоволуваат со помалку, може да се заклучи дека да се биде сингл предизвикува несреќа.
Заклучок
Луѓето на кои им е страв да бидат сами можат да останат во лоши врски или брзо да започнат врска којашто не им одговара. Луѓето повеќе се фокусираат на нивниот статус наместо на врската, а ова предизвикува проблеми.
Важно е да бидете свесни за каков било страв во врска со тоа да бидете сингл или во врска со потенцијално прекинување на врската. Исто така важно е да разберете дека притисокот да бидете во врска има негативни последици.
Да се биде сингл не е негативно и има многу предности. Многу сингл луѓе искусуваат поголема автономност и созревање за разлика од оние во брак. Покрај тоа, сингл луѓето имаат повеќе време да ги негуваат врските со другите. Истражувањата покажале дека сингл луѓето почесто ги одржуваат контактите со пријателите, соседите, роднините и родителите за разлика од луѓето во брак.
Запомнете дека е сосема во ред да бидете сингл. Немојте да се споредувате со другите кога сте во врска. Наместо тоа, ценете ги значајните врски кои веќе се во вашиот живот.
Погледнете и зошто понекогаш е најдобро да бидете сингл.