Какви женски фризури, парфеми, долна облека и маникир сакаат мажите?

Какви женски фризури, парфеми, долна облека и маникир сакаат мажите?

Според статистичките податоци, ретко со случува мажите да бидат конзервативци, но понекогаш нема да можете ни да претпоставите што мислат тие за вашиот изглед.

Какви женски фризури, парфеми, долна облека и маникир сакаат мажите?

Високи чорапи

Членовите на Британското психолошко друштво и на Здружението за семејна терапија авторитативно се изјаснуваат: главниот фетиш за мажите се високите чорапи (а во најдобар случај подвезиците). Чорапите се возбудливи затоа што истовремено и кријат и откриваат тајна и изгледаат и пристапно и недостапно. Забраната и недостапноста го заоструваат примитивниот нагон кој го принудува човекот да го испита посакуваниот предмет.

Долна облека

На прво место е чипката, на второ свилата, а „гумените“ ткаенини слични на неопренот од кои обично се шијат спортски градници, се наоѓаат на третото место. Но, памукот не е почитуван материјал.

Боја на облеката

Постојат само две бои кои се добитна комбинација: црна и црвена. Според мажите, белата боја не може да се комбинира со сè и честопати изгледа рустикално. Што се однесува до лесните или пастелните нијанси, со нив нема проблем ако ја истакнуваат бојата на вашата кожа, очите и косата бидејќи мажите обрнуваат внимание на ваквите нијанси.

Стил

Во однос на дизајнот, за жал, нема да претпоставите. Мажите дале тврдоглави и збунувачки одговори во текот на анкетирањето. Дури и истите парчиња од чипка се перципираат на различни начини: за некои тоа е „вечер со свеќи и романтика“, a за други „поздрав од црвениот кварт“. Поради тоа, потпрете се на вашиот вкус и интуиција.

Кармин

Неодамна, научниците од Универзитетот во Манчестер откриле која нијанса на кармин е најатрактивна. За време на експериментот, мажите гледале фотографиите на жени и еве ги резултатите: мажите поминале околу 8 секунди проучувајќи ја сликата на жената со црвен кармин, 6 секунди на жената со розов кармин и 2 секунди проучувајќи ги усните без кармин. Резултатите од едно француско истражување покажале дека келнерките со црвен кармин добиваат 50 % повеќе бакшиш за разлика од останатите колеги. Околу 90 % од учесниците во истражувањето признале дека црвената боја на усните потсвесно се смета за моќна сексуална порака.

Фризура

Бојата на косата не им е важна на мажите. Исклучително ретки се оние мажи кои сакаат само русокоси или паѓаат само на црвенокоси. Но, мажите едногласно гласаа за должината на косата и за стајлингот – уредно стилизирана коса, со должина веднаш под рамењата. Само 2 % од мажите ги привлекуваат плетенки и пунџи.

Маникир

Оние што мислат дека мажите не забележуваат вакви ситници, грешат. Сосема спротивно: според мислењето на посилниот пол, една девојка треба да биде убава буквално до врвовите на ноктите. Повеќе од 90 % од испитаниците признале дека на првиот состанок повеќе би ѝ простиле на девојката неотстранети влакна отколку лош маникир.

Облик и должина на ноктите

Мажите ги привлекуваат нокти малку подолги од врвовите на прстите или многу кратки, заоблени или квадратни нокти, а се плашат од долги нокти.

Боја на ноктите

Црните, темносивите и кафеавите бои мажите ги доживуваат како нечистотија на ноктите, а неонските бои ги иритираат. Покрај тоа, психолозите се согласуваат со мажите дека неонските нијанси имаат негативни ефекти врз перцепцијата на сликата на една личност. Но, мажите го одобрија класичниот француски маникир во нежни бои, како и црвената боја.

Дезени на ноктите

Мажите едноставно не можат да ги „сварат“ цвеќињата, лентите и камчињата на ноктите. Поради некоја причина, секоја креативност на ноктите ги вознемирува.

Парфем

Мажите се привлечени од природниот мирис на партнерката, а не од парфемот. Некои експерти веруваат дека „природниот“ мирис се однесува на тоа како мирисате по туширање, односно мирисот на чиста кожа пред да нанесете лосион и крем. Други инсистираат на тоа дека дури и мирисот на пазувите игра улога. Но, во секој случај, таков мирис е невозможно да се измисли во лабораторијата за парфеми. Затоа, одберете парфем по ваш вкус, но избегнувајте премногу силни парфеми бидејќи не сакате мажот да си замине од состанокот со главоболка.

Погледнете и што сакаат мажите од нивните сопруги, а што од љубовниците.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар