Какви тајни крие симболот за бесконечност?
Симболот на бесконечноста е еден од најпознатите и најраспространетите симболи во науката и окултната уметност. Која е неговата тајна? Зошто е толку посебен? Тој е навидум обичен, но сепак, мистериозно убав. Во продолжение прочитајте за неговото значење.
1. Ја симболизира божествената моќ
Она што малкумина го знаат е дека симболиката на знакот на бесконечноста потекнува од Уреј, симбол на божицата Ваџет во Стар Египет. Урејот бил симбол на авторитет и божество, и фараонот бил признат како владетел само доколку го носел урајот кој е често претставен како кобра. Крунисувањето на фараоните со уреј било симболичен чин според кој се верувало дека човек никогаш нема да биде моќен додека не стане свесен за божествената моќ во себе.
2. Се работи за Уроборос
Симболот на бесконечноста претставува и уроборос, антички симбол кој прикажува змија како си ја гризе сопствената опашка. Го претставува циклусот на животот (раѓање – смрт – повторно раѓање) и произлегува од тајното учење дека ние сме обврзани да ги повторуваме нашите реинкарнации сè додека цврсто се држиме за ова Царство. Оние кои се просветлени сфаќаат дека животот нуди безброј искуства кои треба да послужат како лекции за будењето и просветлувањето. Откако ќе се разбудиме ќе го прекинеме кругот на бесконечни инкарнации, токму како што учат древните религии како хиндуизмот и будизмот.
3. Го носи божествениот благослов на Нил
Како што на сите ни е познато, Нил не била обична река во древниот Египет, туку симбол на сите божествени благослови. Ваџет, пак, се сметала за божица на Нил. Покрај тоа, Нил бил и „огледалото“ на Млечниот Пат, што ги ширел благословите и надвор од ова Царство. Затоа реката се поврзувала со вселената но и со задгробниот живот.
4. Потекнува од последната буква во грчката азбука, омега
Несомнено, симболот на бесконечноста е изведен од буквата омега која е последната буква од грчката азбука. Од друга страна, во христијанската иконографија, Исус Христос е прикажан како алфа и омега, односно како симбол за почеток и крај на времето. Сепак, бидејќи Бог и времето се бесконечни, буквата омега станала симбол за бесконечноста кој го означува континуитетот надвор од Крајот.
Откако прочитавте за тајните на симболот на бесконечност, можеби ќе сакате да прочитате и за лапис лазули – мистичниот камен на мудроста и небесата.
Извор: themindsjournal.com