Какви се последиците од спиењето со куче или со мачка?
Дали треба да им дозволувате на вашите миленичиња да спијат во креветот заедно со вас или не? Ова е постојана дилема за сопствениците на миленичиња ширум светот, но и за набљудувачите отстрана.
Вие одлучувате дали ќе им дозволите на вашите миленичиња да спијат со вас, а за нив тоа нема никакво значење, освен ако не се навикнати така уште од мали и пораснале спиејќи во вашиот кревет. Меѓутоа, најновото истражување покажува дека спиењето со куче или со мачка прави да се чувствувате посигурно и посреќно, а краен резултат на сето тоа е квалитетниот сон.
Истражување било спроведено врз 150 пациенти од страна на експерти од Клиниката „Мајо“ на одделот каде што доаѓаат лица со проблеми со спиењето.
Не дозволувате кучето или мачката да спијат во вашиот кревет? Не сте единствени бидејќи од испитаните 150 пациенти, само 56 % спијат со своите миленичиња, додека останатите не им ја допуштаат таа привилегија на домашните миленици.
Прочитајте кои се најчестите последици врз здравјето од современиот начин на живот.