Какви позитивни работи се случуваат низ целиот свет во овој момент?
Моменталната непредвидлива ситуација може брзо да ве доведе до негативно размислување и да ве натера постојано да се прашувате што ќе се случи со светот. Но, иако звучи чудно, вирусот и пандемијата донесоа и некои позитивни работи, а во продолжение прочитајте за што станува збор.
1. Луѓето повторно се поврзуваат со природата
Со оглед на тоа што мора да останете дома, природата сега е бегство од затворените простори и неколкуте минути пешачење се навистина значајни. Конечно почнувате повторно да ја цените природата, оставајќи ги мобилните телефони дома, па тоа нека остане така и откако ќе заврши пандемијата. Многу снимки покажуваат дека квалитетот на воздухот значително се подобрил, што исто така придонесува и во борбата против глобалното затоплување.
2. Откривме дека треба да си помагаме едни на други
Во последниве денови, кога се случуваат лоши работи, луѓето конечно станаа свесни дека имаат само еден живот, па ако сакаме да излеземе од сегашната ситуација колку што е можно поскоро, мора да си помагаме едни на други. Хуманитарните организации во моментов работат многу понапорно, а бесплатната психолошка помош им е достапна на сите оние кои имаат тешкотии со самоизолацијата. Има сè повеќе и повеќе кампањи кои нè мотивираат или собираат пари за луѓе на кои им е потребна помош. Повторно се покажува дека најлошите работи ги доведуваат најдобрите луѓе до израз.
3. Откривме дека дружењето е исклучително важно
Многупати ги прескокнувавме семејните средби или дружењето со пријателите затоа што немавме време. Во меѓувреме, откривме дека пријателствата и семејните односи се исклучително важни и дека не можеме без нив. Но, да бидеме свесни за ова и откако ќе заврши целата ситуација. Само кога ќе ни се одземат некои работи, тогаш сфаќаме колку се важни тие за нашето постоење.
4. Луѓето стануваат покреативни
Додека пандемијата ја загрозува економијата, сега е можноста компаниите навистина да го искористат својот потенцијал и да бидат уште покреативни од вообичаеното. Многу ресторани и други претприемачи го преобразија својот бизнис преку ноќ, така што и тие можат да работат преку Интернет и да ја олеснат доставата. Театрите имаат изведби во живо на Интернет, можете да гледате колекции на изложби во музеи, а состаноците лесно може да се реализираат преку Интернет.
5. Знаењето никогаш не било подостапно
Училиштата ширум светот во моментов се затворени, но учењето продолжува. Сепак, досега немало толку многу бесплатни курсеви: од бесплатни курсеви по јазик, до идеи како да започнете бизнис или да им помогнете на претприемачите. Во моментов имате време да се фокусирате на работите што ги сакате и што сакате да ги развивате или дури да откриете нови таленти и работи за кои не знаевте дека ве интересирале.
6. Стануваме почувствителни на малите работи
Откривме дека сè што ни треба е здравје. Почнавме да уживаме во најмалите работи, како што се шолја кафе, топол туш или кратка прошетка. Веќе не брзаме, што е многу добро. Малите работи се она што е навистина важно во животот.
Прочитајте дали ќе се зголеми бројот на случаи на семејно насилство за време на пандемијата на коронавирусот.