Каква храна се продава на улиците ширум светот?
Кај нас секое утро на пат кон работа или факултет ќе ги сретнете продавачите на тазе испечени ѓевреци. Ако отпатувате во некоја друга земја тоа можеби ќе ви недостига, но ќе можете да експериментирате со други интересни брзи „улични“ оброци (освен хамбургерите и хот догот).
Холандија
Најпопуларната храна која се продава на улиците ширум Холандија изворно се нарекува пататје орлог, или во превод „воени компирчиња“. Тоа се пржени компирчиња прелиени со мешавина од кечап, мајонез и сос од кикиритки, врз кои потоа се додава пржен кромид.
Канада
Канадската варијанта на пржените компирчиња се вика путин. Доаѓа со прелив од сос од печено месо и многу сирење.
Египет
Специјалитетот од египетските улици е доста богат. Се прави од паста, ориз, леќа, грашок и карамелизиран кромид. Изгледа како голем оброк, а продавачот на улица ќе ви го наполни во сад, затоа што тоа е единствениот начин да го носите со себе.
Виетнам
Ако сакате набрзина да јадете во Виетнам, побарајте Бан Ми. Овој сендвич кој најчесто се наоѓа кај уличните продавачи е наследство од француските колонизатори. Тоа е мек француски багет наполнет со печено свинско месо, на кој потоа му се додава локален печат преку виетнамскиот мајонез, моркови, ротквици и чили сос.
Израел
Вегетаријанците можат да си дозволат уличен оброк во Израел. Таму ќе вкусат сабих, специјалитет донесен од Ирачките евреи, кој претставува вкусна комбинација од мек леб со варени јајца, краставички, хумус, тахини и сос од манго.
Финска
Најпопуларна улична храна во Финска е питата со месо која е слична на бурекот. Тие ја нарекуваат лихапирака, а ја има во повеќе варијанти зависно од регионот во кој се прави.
Шпанија
Бокадилјо е едноставен сендвич карактеристичен за Шпанија. Може да биде наполнет со најразлични состојки, а најчесто се наоѓа со шпански омлет или чадена шунка.
Јамајка
На улиците на Јамајка може да се почувствува мирисот на парче свинско или пилешко месо печено на скара со традиционални јамајкански зачини. Тоа е нивниот поим за улична храна.
Бразил
Највкусниот бразилски евтин специјалитет има повеќе имиња зависно од регионот: чипа, пао де киху, пан де јука или куњапе, но секаде тоа е печено топче од леб и сирење.
Мароко
Примероците од богатата мароканска кујна кои можат да се најдат по улиците вклучуваат печени полжави, говедски колбаси и печена пченка на стапче.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Израел
Вегетаријанците можат да си дозволат уличен оброк во Израел. Таму ќе вкусат сабих, специјалитет донесен од Ирачките евреи, кој претставува вкусна комбинација од мек леб со варени јајца, краставички, хумус, тахини и сос од манго.- Vegetarijancite ne jadat jajca…..
Aleksandar vegeterijancite ne jadat samo mes i mesni proizvodi…veganite se onie sto ne jadat nisto od zivotinsko poteklo 🙂