Каков вид жена сте според месецот во кој сте родени?

Каков вид жена сте според месецот во кој сте родени?

Секоја жена има свои одредени карактеристики кои ја прават посебна. Но, дали сте знаеле дека некои општи особини може да се дознаат и од месецот во кој тие се родени? Па, дами, погледнете што најмногу ве одликува според тоа кој е вашиот месец на раѓање.

Каков вид жена сте според месецот во кој сте родени?

Јануари

Жените кои се родени во првиот месец во годината се сериозни и конзервативни, но исто така и неверојатно амбициозни. Од друга страна пак, жените родени во јануари се склони кон критикување и не сакаат да зборуваат за своите чувства. Тие им дозволуваат да им пристапат само луѓе кои се на исто интелектуално ниво како нив и со кои ги делат истите погледи кон животот.

Февруари

Жените кои се родени во февруари се многу романтични и нив треба да ги третирате со трпение. Премногу брзо го менуваат своето расположение и не може секој да ги разбере. Овие жени имаат малку апстрактен начин на размислување и треба да знаете дека доколку ги излажете, никогаш повторно нема да ги видите.

Март

Харизмата и шармот се карактеристични за жените родени во месец март. Тие се многу посветени и лојални личности, а и тешко се заљубуваат. Вистинско задоволство е да живеете со жена родена во овој месец.

Каков вид жена сте според месецот во кој сте родени?

Април

Овие жени може да комуницираат прилично лесно со секого. Одвреме-навреме тие знаат да се жалат, а доколку се лути, подобро е да се тргнете настрана. Жените родени во месец април ќе го направат нивниот маж најсреќен на планетата Земја. Доколку пак ја добиете нивната доверба, обидете се да не ја изгубите и тие целосно ќе ви ја отворат својата душа.

Мај

Жените родени во месец мај се верни и упорни во врска со принципите кои ги имаат. Тие може да станат опасни за секој човек кој се заљубува во нив и токму ова е причината зошто ќе ги паметите сѐ додека се живи.

Јуни

Жените родени во јуни се многу љубопитни, креативни и комуникативни. Тие зборуваат пред да размислат, не зборуваат зад грб и секогаш претпочитаат да ја кажуваат вистината в лице.

Каков вид жена сте според месецот во кој сте родени?

Јули

Овие жени се искрени, убави, мистериозни, чувствителни и интелигентни. Тие се многу учтиви со секого и се обидуваат да избегнат какви било конфликти и проблеми. Многу лесно можете засекогаш да ги изгубите доколку ги лажете и тоа нема да ви го заборават до крајот на својот живот.

Август

Жените родени во месец август имаат многу интересна комбинација на егоцентричност и големо срце. Бидете внимателни и не обидувајте се да се плеткате со нив, затоа што, порано или подоцна, тие ќе победат. Жените родени во овој месец имаат исклучителна смисла за хумор, но не сакаат да бидат потсмевани. Секогаш сакаат да бидат во центарот на вниманието и никогаш не патат од недостиг на машко внимание. Во нивно присуство, мажите ја губат главата.

Септември

Добри, дисциплинирани и убави – тоа се карактеристиките на овие жени. Никогаш не им простуваат на оние кои ќе ги предадат, а доколку ги повредите, тие ќе бараат одмазда. Жените родени во септември сакаат долги љубовни врски. Тие се критички настроени и имаат високи очекувања од нивните партнери. Оној кој ќе се докаже, тој и ќе добие.

Каков вид жена сте според месецот во кој сте родени?

Октомври

Овие жени имаат силен карактер. Тие не сакаат да плачат пред другите луѓе, иако се многу емоционални. Не ја отвораат својата душа секому, затоа што мислат дека некои луѓе имаат тенденција тоа да го злоупотребат. Другите жени честопати ги мразат, затоа што им завидуваат.

Ноември

Жените родени во месец ноември лесно може да препознаат кога некој лаже и секогаш се еден чекор понапред од другите. Не поигрувајте си со нив. Доколку сте спремни да ја слушнете вистината, не треба да ги прашате за нивно мислење.

Декември

Жените родени во месец декември може да бидат многу нетрпеливи, но, за среќа, тие секогаш наоѓаат начин да излезат од која било ситуација како победници. Овие жени знаат како да го подобрат расположението. Тие имаат отворено срце, при што се многу наклонети да бидат повредени, но сѐ додека Бог е на нивна страна, на крајот тие го добиваат она што го заслужуваат.

Каков вид жена сте според месецот во кој сте родени?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар