Каков вид плата земате вие?
Бидејќи платите во нашата земја се ниски и ретко кој е задоволен со своите месечни примања, тие си заслужуваат свои имиња. Па каква плата добивате вие?
Кромид плата – ја земаш и почнуваш да плачеш.
Кучка плата – не ти помага за ништо, од неа само патиш, ама не можеш да живееш без неа.
Диета плата – те тера да јадеш сè помалку и помалку.
Атеистичка плата – се сомневаш во нејзиното постоење.
Магична плата – после неколку потези таа исчезнува.
Плата „бура“ – немаш поима кога доаѓа и колку ќе трае.
Плата „црн хумор“ – се смееш за да не плачеш.
Конзервативна плата – ти ја уништува фантазијата.
Импотентна плата – кога најмногу ти треба, те изневерува.
Менструална плата – доаѓа еднаш месечно и трае околу 5 дена.
Плата „Волт Дизни“ – замрзната е веќе 30 години.
Плата „прерана ејакулација“ – таман почнала, готово е.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
gluposti, site znacat isto!!!!