Каков ви е карактерот, такви ви се брчките: Лицето издава каков живот живеете
Мудрите луѓе многу често знаат да кажат дека младоста е безлична и оти со текот на времето, секој човек добива лице кое е одраз на неговиот живот. Кога ќе погледнете во лицата на луѓе во подлабока старост, кај некои може да забележите дека се малку изменети во однос на младешките години, а некои бележат драстични промени, па дури се и непрепознатливи во споредба со лицата кои ги имале пред неколку децении. Причината за тоа, би можела да биде во она што велат некои стари учења, дека лицето е мапа на нашиот карактер. Начинот на којшто брчките се впишуваат на нашето лице открива по нешто и за нашето тело, за нашите мисли и карактерот. Некои ги опишуваат наборите на лицето како резби на картата на нашиот живот, каде е впишано целото животно патување.
Старото индиско учење – ајурведа, во сите набори на нашето лице, пронаоѓа одраз на нашите внатрешни процеси, кои на тој начин успеваат да станат видливи. Тоа подеднакво се однесува како на физиолошките процеси во организмот, така и на мислите и емотивните турбуленции. Лицето, според ајурведското учење, се дели на три зони – чело, нос и образи, како и уста, брада и врат. Според ова учење, проблемите кои се видливи на челото упатуваат на проблеми со дебелото црево и можат да сигнализираат анксиозност, страв и загриженост. Исто така, сè што се гледа на носот и на образите може да значи проблеми со цревата, но и со лутина, љубомора, фрустрација.
Брчките околу устата, на брадата и на вратот може да бидат знак на проблеми со градите и со стомакот, а можеби сигнализираат и тага и депресија. Хоризонталните линии на челото се познати и како линии на грижите, затоа што луѓето кои многу се грижат за сè и сешто во животот имаат навика да ги собираат челата, па така настануваат и тие линии. Но, можат да бидат и знак за вишок течности или покачено ниво на шеќер во организмот, како и показател за консумација на премногу маснотии. Но, според друго толкување, овие брчки можат да упатуваат и на недостаток на течности, особено ако минувате многу време на отворено, доколку сакате да патувате и сакате адреналински спортови, па сте премногу изложени на сонце.
Вертикалните линии меѓу образите можат да предупредуваат на послаба работа на црниот дроб. Истовремено, овие брчки можат да бидат и показател на тврдоглав карактер и личност којашто многу тешко ги испушта работите од свои раце. Доколку се препознавате во овој опис, тогаш стресот го уништува најдоброто од вас, а тој е виновен и за специфичното грчење на мускулите кои го предизвикуваат создавањето на овие брчки. Ограничете ја употребата на пијалаци со кофеин кои го поттикнуваат излачувањето на течностите, па на тој начин водат и до дехидрација. Левата вертикална брчка може да биде и знак за проблеми со слезината. Длабок вертикален лак кај коренот на носот може да предупредува на склоност кон алергии, слабост на имунолошкиот систем или можеби показател за низок сексуален апетит.
Брчките, познати како нозе на врана, мали линии кои се шират како зрак од надворешниот агол на очите, можат да бидат показател на проблеми со видот, поради кои несвесно замижувате, исто како и на силно светло. Можат исто така да предупредуваат и на послаба работа на црниот дроб. Но, тие брчки покажуваат и дека сте посветен и вреден работник, исполнет со љубопитност, како и дека посветувате многу внимание на деталите и тежнеете кон совршенство. Секако, почесто носете очила за сонце за да ги заштитите очите од штетните зраци и спијте на грб, за кожата околу нив, помалку да ви се гужва.
Длабоките вертикални линии покрај устата можат да бидат знак за слабост во репродуктивниот систем. Овие линии исто така оддаваат оптимистички карактер, како и тоа дека секогаш барате позитивна страна во сè, па поради тоа луѓето многу сакаат да бидат во ваше друштво. Овие набори ги создава спуштањето на масното ткиво во образите, а доколку често се смеете, тие ќе станат уште поистакнати. Премачкувајте ги со лимон, затоа што киселината во ова овошје ја затегнува кожата. Доколку се многу истакнати, можат да укажуваат на проблеми со панкреасот или на дијабетес.
Вертикалните ситни брчки над горната усна може да откријат дека сте пушач, но и да упатат на недостиг на сексуална активност. Длабокиот лак на брадата може да биде показател за личност која преживува голема тага или фрустрација, а може да биде и знак за силен сексуален нагон.