Каков газда, такво домашно милениче: Особините што вашето куче ги презема од вас

Каков газда, такво домашно милениче: Особините што вашето куче ги презема од вас

Познато е дека тоа што ни се наметнува во детството го дефинира нашето однесување во иднината кога ќе пораснеме. Истото важи и за кучињата. Ако вашето домашно милениче на почетокот било многу активно, а потоа забележувате дека почнало повеќе да се излежува на каучот или дека легнува покрај вас да одмара, тоа е знак дека ги поприма вашите особини и навики. Еве за кои особини станува збор…

Екстровертен и интровертен сопственик

Екстровертните личности се многу отворени кон другите луѓе и кучиња, покажуваат резултатите на истражувањата. Токму оваа отвореност ги прави и нивните кучиња екстровертни. Истото важи и за песимистичните, страшливите и интровертни луѓе – тие чуваат кучиња кои наследиле слични особини од нив. Дури и најмилите и најнежните животни, познати по своето мирно однесување, ако поминуваат многу време со исплашен сопственик, и самите стануваат нервозни.

Опуштен и агресивен сопственик

При обликувањето на однесувањето, важна улога игра тренингот во раната доба, кога домашниот миленик е мало кутре. Додека го воспитувате, тоа усвојува најразлични карактерни особини. Ако сопственикот во текот на тренингот е опуштен и расположен, кучето исто така ќе биде опуштено. Од друга страна пак, ако сопственикот е постојано на штрек и под стрес, и кучето ќе почне да покажува агресија.

Какво е вашето куче? И колку вие сте влијаеле на развивањето на неговиот карактер?

Погледнете ги и овие слатки илустрации што прикажуваат како изгледа животот со куче.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар