Како високата интелигенција влијае на вашата среќа? (Одговорот не е тоа што мислите!)

Како високата интелигенција влијае на вашата среќа? (Одговорот не е тоа што мислите!)

Ернест Хемингвеј напишал: „Среќата кај интелигентните луѓе е најреткото нешто што го познавам.“ Но изгледа овој голем писател грешел, бидејќи според новите истражувања, луѓето со повисока интелигенција имаат поголеми шанси да бидат среќни. Спротивно на општото верување дека кај поинтелигентните луѓе владеат негативните емоции, резултатите од ова истражување ни покажуваат дека тие имаат поголеми предиспозиции за среќа.

kako-visokata-inteligencija-vlijae-na-vashata-srekja-odgovorot-ne-e-toa-shto-mislite-www.kafepauza.mk

„Откривме дека високата интелигенција се поврзува со самопрогласената среќа, бидејќи нивоата на среќа се пониски кај оние што имаат пониско IQ во однос на оние со повисоко IQ. Ова е од особена важност поради моменталните политички дебати за среќата“, вели д-р Ангела Хасиотис, водечкиот истражувач на оваа студија.

За потребите на студијата биле анализирани податоци од скоро 7.000 луѓе. Резултатите покажале дека луѓето со пониска интелигенција (70-99) биле помалку среќни во однос на оние со повисока интелигенција (120-129). Но не било сè поврзано со скалата на која се мери интелигенцијата.

„Кога ги анализиравме податоците на луѓето со пониско IQ, откривме дека нивната несреќа најчесто е поврзана со одредени социоекономски недостатоци, како помал приход. Тие исто така имаат помали шанси за среќа бидејќи имаат потреба од поголема помош при развивање нови вештини, но исто така имаат и повеќе проблеми со здравјето и со психолошките непријатности“, заклучува таа.

Најдобриот начин да се спречи ова е доколку се применат интервенции за зголемување на нивото на интелигенција уште во младите години. Ова финансиски може да чини многу, но цената не може да се спореди со идните придобивки што интелигенцијата ги носи со себе – како подобро ментално и физичко здравје.

Не сте го провериле своето IQ? 5 знаци дека имате натпросечна интелигенција!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар