Како училиштето ги прави децата глупави и депресивни?

Како училиштето ги прави децата глупави и депресивни?

Денешниот образовен систем е застарен и ги претвора децата во роботи. Треба добро да размислите во кое училиште би сакале да ги запишете вашите деца, бидејќи постојат големи шанси дека ќе станат глупави и депресивни. Прочитајте за што станува збор…

Како училиштето ги прави децата глупави и депресивни?

Децата учат да размислуваат на ист начин

Учениците уште од најмала возраст ја учат идејата дека сите треба да бидеме еднакви, но не во морална смисла туку во начинот на размислување. Принципите на образовниот систем се сметаат за најправилни и најважни. Во училиштата сите треба да го делат мислењето на наставникот, а поинаквите ученици се исмевани од страна на останатите или казнети со пониска оценка.

Децата учат ШТО да мислат наместо КАКО да мислат

Училиштето ги насочува децата во еден правец и ги учи како да размислуваат логички но само во рамките на она што подоцна ќе може да се оцени со бројка. Децата мораат да учат и презентираат информации, но многу ретко се обрнува внимание на критичкото размислување, логика и аналитика. Учениците ги присвојуваат ставовите присутни во учебниците и кај наставникот, без да размислат дали тие се добри и вистинити.

Не се развива креативноста

Фантазијата е најважното нешто кај децата, но училиштата успеваат да ја потиснат. Училиштата ги затвораат децата во кутија и се занимаваат исклучиво со нивниот разум, наместо да го развиваат и нивниот дух, срце и ум. Многу е важно децата да фантазираат за да можат подоцна да создаваат визии за иднината благодарение на кои ќе станат успешни луѓе.

Децата учат да се плашат од неуспех

Образовниот систем ги принудува децата постојано да учат за да ги положат сите тестови, бидејќи лошата оценка се смета за неуспех. Како последица од лошите оценки, децата добиваат казни и се чувствуваат помалку вредни од останатите ученици. На тој начин, кај децата се раѓа омраза и страв од неуспехот и затоа подоцна во животот се плашат да преземаат ризици и бегаат од поголемите подвизи.

Како училиштето ги прави децата глупави и депресивни?

Децата учат дека играта е нешто негативно

Добро познато е дека во училиште нема играње. Иако децата уживаат во игрите кои ги прават среќни, со текот на времето почнуваат да ги доживуваат како нешто лошо, односно како нешто што не е продуктивно и не дава никакви резултати. Со други зборови, играта ја сметаат за губење време. Во училиште децата учат дека треба да бидат сериозни, мирни, дисциплинирани и да размислуваат на последиците како возрасни.

Децата учат дека не треба да си го слушаат срцето

За разлика од возрасните, децата се многу поврзани со внатрешниот глас кој доаѓа од нивното срце. Со текот на времето, тој глас исчезнува бидејќи во училиште го прават она што мораат, а не она што го чувствуваат и сакаат. Сите деца се обврзани да го прават она што не го сакаат, да седат во клупа и да ги следат правилата на образовниот систем. На тој начин, тие сѐ повеќе се оддалечуваат од нивното срце.

Децата учат дека успехот е поврзан со парите

Децата учат дека мораат да бидат добри ученици за да имаат многу пари, односно добра плата, а таквото рамзислување може да доведе до депресија. Иако сме опкружени со многубројни примери на богати луѓе кои немаат завршено факултет, системот и понатаму ја промовира идејата дека ви треба диплома за да станете „робови на корпорацијата“. Наместо да учат за да стекнат знаење, да напредуваат и да живеат онака како што сакаат, децата учат за да имаат пари.

Децата учат дека треба да го жртвуваат моментот за иднината

Децата ги поминуваат деновите „натрупани“ со обврски и учат за да можат еден ден да заработуваат многу пари. Наместо да уживаат и да создаваат во моментот, училиштето се смета за минлив период. Децата се стремат кон наметнатите цели и мислат дека вистинската среќа ги чека кога ќе пораснат. На тој начин, тие забораваат да уживаат во сегашноста и во секој миг од детството.

Со цел да се подобри образовниот систем, прочитајте зошто Финска ќе биде првата земја во светот што ќе ги укине сите училишни предмети.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар