Како треба да се однесувате во овие земји за да не ги навредите жителите?
Една од најдобрите работи кај патувањето во друга земја е доживувањето на друга култура. Но, бидете внимателни – можете да навредите некого, дури и без да сте свесни за тоа. Како турист, вашето ненамерно, навредливо однесување може да биде и незаконско. Во продолжение прочитајте што треба да знаете доколку планирате да посетите некоја од следниве земји.
Италија – шпагети
Италијанците ги доведоа тестенините и вкусните шпагети до совршенство. Тие се јадат без употреба на лажица, бидејќи комбинацијата „лажица и виљушка“ е навреда за нив. Па, доколку нарачате шпагети во ресторан во Италија, подобро е да не побарате од келнерот лажица, бидејќи тоа ќе изгледа како да ве слушнал дека сакате да јадете супа со нож. Не грижете се, можете да побарате крпа и да ја ставите на вратот, за да не се извалкате со сосот додека јадете. Така прават Италијанците.
Португалија – подарок
Доколку Португалец ве повика во својот дом, неопходно е да отидете со подарок, а доколку заборавите да однесете подарок, тој ќе ве смета за некултурни. Што се однесува до доцнењето на средбата, тие нема да ви замерат, бидејќи и самите често доцнат.
Русија – жолт букет
Давањето жолт букет на жител од Русија се смета за навреда. Освен тоа, треба да внимавате и на бројот на цветовите – парниот број е погрешен (таквите букети се носат само на погреби). Според обичајот, бројот на цветовите треба да биде непарен.
Англија – гестикулација во вид на „V“
„V“ или „Викторија“ е знак за победа и слобода за нас, слично на ова, во кругот на западната култура, се смета за симбол на триумф. Меѓутоа, во областа на поранешната Британска империја (особено во Англија, Ирска, Австрија и Нов Зеланд) морате да бидете внимателни. Доколку го покажувате овој знак со вашите прсти на некоја личност, таа може да се навреди. Таа ќе го сфати тоа како да ѝ покажувате среден прст.
Франција – гестикулација во вид на „круг“
Круг направен со палецот и показалецот, е знак кога сакаме нешто да пофалиме, да кажеме дека е одлично. Ова се прави во поголемиот дел од Европа, меѓутоа, во Франција овој гест означува „нула“, „ништо“ или „негативно“. Доколку келнер ве праша дали сте задоволни со храната, а вие го покажете овој гест, тогаш тој ќе помисли дека не ви се допаднала.
Тајланд – пари
Луѓето од Тајланд му оддаваат голема почит на својот крал, а неговиот лице е насекаде, дури и на парите. Случајното прегазување пари, тие ќе го доживеат како навреда, бидејќи тие ги сметаат парите за нешто свето, исто како и нивниот крал. Доколку сакате да стекнете симпатии од луѓето во Тајланд, поздравете ги со склопување на рацете како молитва и кимнете со главата.
Јапонија – бакшиш
Обичајот за давање бакшиш за услуга е сосема нормално во нашата култура. Но, во Јапонија, тоа е сосема обратно. Доколку туристот му остави бакшиш на келнерот во Јапонија, тогаш тој ќе биде сметан за непристојна личност, а неговите намери ќе бидат сфатени како понижување. Исто така, е непристојно да се плаќа сметката додека сè уште седите на масата. Секогаш плаќајте на касата, која обично се наоѓа на излезот од просторијата.
Прочитајте ги и овие 5 туристички замки кои треба да ги избегнете во Хрватска.