Како влијаат сончевите зраци за време на бременоста на вашето дете?

Како влијаат сончевите зраци за време на бременоста на вашето дете?

Како детето ќе изгледа и ќе се однесува, во одредена мера се одредува според гените кои ги наследува од своите родители. Но, детската околина исто така игра улога во каква личност подоцна ќе прерасне детето, а таа околина започнува уште во матката на жената.

Како сончевите зраци влијаат на вашето дете додека сте трудни

Бремените жени се предупредени дека пиењето алкохол, пушењето цигари, па дури и консумирањето одредена храна можат да имаат сериозни последици во растењето и развивањето на нивните неродени деца.

Но, постојат и други начини со кои бремените жени влијаат на подоцнежното здравје и однесување на нивните деца.

Научниците откриле дека количината на сончеви зраци во првото тромесечје е најважна. Истражувачи од Универзитетот во Велика Британија, ги анализирале однесувањата на 420.000 ученици, а потоа споредиле со тоа колку нивните мајки биле изложени на сонце во месецот кога биле зачнати.

Кога ги споредиле фактите, се покажало дека кај децата кои биле зачнати за време на зимскиот период, ризикот од потешкотиите во учењето е многу поголем од нивните врсници кои се зачнати во пролетниот или летниот период. Овој резултат бил последица од фактот што производството на витамин Д од телото се намалува како резултат на недостатокот од ултравиолетовите зрачења кои играле важна улога во формирањето и развојот на мозокот на фетусот. Во почетокот на бременоста, кога основните органи и системи за одржување на животот штотуку се формираат, ваквиот дефицит е особено потребен за идниот живот на детето.

Освен тоа, во летниот период има изобилство на овошје и зеленчук, кои се растителни извори на витамини и минерали, додека зимските трудници мораат да пронајдат дополнителни извори на хранливи елементи.

Доколку планирате бременост, не заборавајте дека концептот на време има значително влијание на животот на вашето идно дете, особено на неговите ментални способности.

Дознајте и колку вода е потребно да се пие за време на бременоста?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент по Македонски јазик и книжевност. Кога не пишува - чита, и обратно. Сигмунд Фројд, нејзините миленичиња, цртани, Фреди Меркјури, стари предмети и Мото ГП.

Поврзани содржини

Остави коментар