Како што стареете, ќе имате помалку пријатели... Но, тоа е навистина добро!

Како што стареете, ќе имате помалку пријатели… Но, тоа е навистина добро!

Можеби сте забележале дека како што минува времето, вие имате контакт со сè помалку луѓе. Ако е така, тогаш не грижете се, ова е добар знак. Како што поминува времето, ќе сфатите дека траат само длабоките и искрените пријателства. Можете да имате помал круг на пријатели, но оние со коишто сте останале во контакт ви се навистина верни.

Како што минуваат годините, вие можеби ќе сфатите дека сте искусиле некои од овие работи.

1. Сте поминале низ многу ситуации

Со текот на годините доаѓа и искуството. Како што растете вие ќе сфатите дека постојат неколку пријатели коишто ве поддржуваат во тешките времиња. Ќе научите да зависите од оние малкумина пријатели кои останале до вас, а помалку ќе имате време за оние кои не биле до вас кога ви биле потребни.

2. Имате помалку трпение за неискреноста

Кога сте биле млади, сигурно сте имале желба да стекнете што повеќе пријатели. Можеби тогаш сте имале поголемо трпение и толеранција за новите познаници. Сепак, како што стареете, вие ќе имате помалку трпение за неискреноста. Она што ќе го научите е дека подобро е да имате неколку искрени пријатели, отколку куп површни односи.

3. Имате формирано подлабоки пријателства

Многу пријатели коишто сте ги стекнале во минатото веќе имаат исчезнато, но постојат и такви коишто секогаш се тука за вас. Преку размената на повеќе искуства, вие ќе имате можност да изберете неколку пријатели со коишто ќе создадете подлабока поврзаност. Тој вид врска може да се создаде само со текот на времето.

4. Имате помалку време

Како што минува времето, вие ќе станувате сè позафатени. Работата и семејството ќе ви остават помалку време за пријателите. Кога вашето време станува поскапо, вие ќе го цените повеќе и најверојатно е да сакате тоа време да го поминувате со пријателите во чиешто друштво најмногу уживате.

5. Имате помалку енергија за запознавање нови луѓе

Како млади, имате енергија за да одите на забави, да запознавате нови луѓе и да создавате нови пријателства. Како постари, вие ќе имате помалку време и трпение за овие работи. Тогаш повеќе би сакале да уживате во чаша вино со старите пријатели, отколку да излезете надвор и да запознавате нови луѓе.

6. Повеќе ги штитите вашите тајни

Како што поминува времето, вие ќе настојувате повеќе да ги заштитите вашите тајни и да ги споделувате само со неколку избрани пријатели на коишто би можеле да им верувате.

Затоа, не очајувате ако сфатите дека имате малку пријатели. Оние коишто останале покрај вас и во среќните и во тажните мигови, докажале дека вредат да бидат во ваша близина!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар