Како се менувале стандардите за привлечноста на мажите низ последните 100 години?

Како се менувале стандардите за привлечноста на мажите низ последните 100 години?

Мажите секогаш се стремеле да бидат згодни, модерни, успешни и секако, привлечни за дамите. Како што се менувале времињата, така и тие го менувале нивниот изглед и стил. Од мустаќи, бради, темен тен и мускули до безгрижна и заводлива елеганција. Погледнете кои мажи се сметале за најпривлечни од почетокот на 20-тиот век па сѐ до денес, и ќе забележите колку драстични промени доживеале стандардите за привлечноста на мажите…

1900-ти: Борачи и силни мажи

Како се менувале стандардите за машка убавина низ последните 100 години?

Настапите на Јуџин Сендоу на почетокот од 20-тиот век биле исто толку популарни колку и концертите на Битлси во 1960-тите. Дури и Арнолд Шварценегер има неколку статуетки со ликот на овој познат атлет.

1910-ти: Префинета елеганција

Како се менувале стандардите за машка убавина низ последните 100 години?

Првата светска војна ја донела модата на совршено обликуваните мустаќи. Ваквиот стил се сметал за привлечен и мажествен.

1920-ти: Сјајна коса и меланхоличен поглед

Како се менувале стандардите за машка убавина низ последните 100 години?

Сите полуделе по големото платно и Рудолф Валентино, ѕвездата на немите филмови. Речиси секој маж ја носел косата измазнета со патец во средината, исто како овој популарен актер од Холивуд, и веднаш автоматски станувал неодолив за жените.

1930-ти: Секси мустаќи

Како се менувале стандардите за машка убавина низ последните 100 години?

Светот почнува да ги копира ѕвездите сѐ повеќе и повеќе. За привлечни се сметале оние мажи со атлетски граденото тело, добро држење, широки рамена, тесни колкови и силни мускули. Брковите на познатиот Кларк Гејбл станале главниот моден тренд во тој период.

1940-ти: Воена мажественост

Како се менувале стандардите за машка убавина низ последните 100 години?

Главната слика за еден згоден маж за време на Втората светска војна била: Остар, мажествен, соодветно облечен и уредно избричен според прописите на воениот период.

1950-ти: Отворена сексуалност

Како се менувале стандардите за машка убавина низ последните 100 години?

1950-тите биле означени со рокерскиот стил и Елвис Пресли, кој бил висок, згоден, воздивнувал во микрофонот и го изведувал неговиот добро познат танц. Најпопуларната фризура била косата крената нагоре над челото.

Бунтовнички дух

Како се менувале стандардите за машка убавина низ последните 100 години?

Илјадници мажи се обидувале да го копираат стилот на Марлон Брандо по премиерата на филмот „Дивиот“. Млади мажи кои возат мотори, носат кожни јакни и се нарекуваат „цврсти момци“. Има ли нешто попривлечно од лоши момци со бунтовнички дух?

1960-ти: Сензуален поглед и скандалозна сексуалност

Како се менувале стандардите за машка убавина низ последните 100 години?

Во тоа време, Алан Делон бил симбол на привлечност. Атлетски граден млад човек со темен тен и нежни црти на лицето, сензуален поглед и прекрасни сини очи. Тоа биле физичките карактеристики на совршениот маж.

Слобода на лично изразување

Како се менувале стандардите за машка убавина низ последните 100 години?

Крајот на декадата бил обележан со хипи движењето и психоделичен рок. Џим Морисон, главниот вокал на The Doors, се сметал за неверојатно шармантен со неговата уникатна харизма и длабоки текстови. Само еден негов поглед бил доволен за девојките да паднат во екстаза, поради што на момците не им преостанувало ништо друго освен да го имитираат.

1970-ти: Мускулести мажи

Како се менувале стандардите за машка убавина низ последните 100 години?

Додека хипиците го освојувале светот, а мажите не се разликувале баш од жените, Арнолд Шварценегер станал новиот секс симбол. Дамите полуделе, господата станале љубоморни. Поклонете се и веднаш посетете ја салата за вежбање!

1980-ти: Атлетска убавина

Како се менувале стандардите за машка убавина низ последните 100 години?

ТВ серијата „Чувари на плажата“ станала уште една причина за спортување, а во центарот на вниманието се секако атлетски градените мажи со неодолив сончан тен, моќни мускули и нормално црвени шорцеви.

1990-ти: Ерата на гранџот

Како се менувале стандардите за машка убавина низ последните 100 години?

Во овој период гранџ музиката родила нова генерација луѓе кои не се грижеле за тоа како се облечени и како изгледаат. Само погледнете го Курт Кобејн, ѕвездата на Нирвана! Неговиот безгрижен став воопшто не го спречил да биде неверојатно згоден и да полуди илјадници фанови.

2000-ти: Метросексуална генерација

Како се менувале стандардите за машка убавина низ последните 100 години?

Ерата на метросексуалците. Дејвид Бекам станува совршениот маж, професионален фудбалски играч кој ги поседува сите атрибути на алфа мажјак: Цврсти стомачни мускули, совршена фризура и скапа облека.

2010-ти: Безгрижни хипстери

Како се менувале стандардите за машка убавина низ последните 100 години?

Хипстер движењето го освојува светот со неверојатна брзина. Безгрижност, бради, винтиџ облека, слабички или атлетски градени мажи, карирани парчиња облека или со линии, хипстерски очила, тетоважи и самоуверен изглед: Ете го вашиот совршен маж! Особено ако се работи за Рајан Гослинг.

Денес

Како се менувале стандардите за машка убавина низ последните 100 години?

Брада и долга коса врзана во висока пунџа. Овој моден тренд е толку популарен и присутен насекаде, што дури и добил свое име: Ламберсексуалност (lumbersexuality).


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар