Како се капе домашно еже?

Како се капе домашно еже?

Многу мали деца плачат и се противат да влезат во када кога ќе дојде време за капење, но кога на еж му е потребен туш, проблемот е уште поголем. Ова еже со име Рагвид брзо стана интернет-сензација, откако беше објавено видео со него како се капе во лавабо.

Како се капе домашно еже?

Најпрво ежето не изгледа многу возбудено што треба да се капе, но откако неговиот сопственик Еван Кантримен го спушта во мијалникот, тој делува исклучително оптимистичен, што и не е така чудно, со оглед на тоа што е многу способен да се одржува на вода, небаре е брод. Следете му ги фаците што ги прави. 🙂

Ежињата, особено тие од расата африкански пигмејци, се многу популарни домашни миленичиња во САД во последните неколку години. Овој тренд ја зафатил и Велика Британија каде што едно животинче се продавало за 190 фунти, т.е. вртоглави 220 евра. Ветеринарите советуваат дека ежињата треба да се бањаат еднаш на секоја недела-две во плитка и млака вода. Ежовите можат да пливаат краток период, но дивите ежови честопати се дават во мочуришта, доколку пропаднат во нив и не можат никако да излезат.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар