Како се чувствуваат децата кога родителите поминуваат премногу време со телефонот?
Повеќето од родителите поминуваат предолго време со својот телефон, но дали знаете како се чувствуваат децата поради тоа?
Едно глобално истражување покажало дека децата во тие моменти се чувствуваат помалку важни. Студиите се спроведени од страна на „AVG Tehnologies“ и во нив се опфатени повеќе од 6.000 деца на возраст од 8 до 13 години, од Бразил, Австралија, Канада, Франција, Англија, Германија, Чешка и САД.
Резултатите покажале дека 52% од децата сметаат дека нивните родители поминуваат премногу време користејќи го мобилниот телефон. За споредба, 54% од родителите се сложиле со своите деца и искажале загриженост дека им даваат лош пример. Лошата вест е што 32% од децата се чувствуваат така кога нивните родители го користат нивниот мобилен телефон во моментите додека трае јадењето, разговорите, гледањето телевизија или пак додека играат надвор.
„Ми се чини дека постои доста голема нерамнотежа помеѓу тоа колку го користам својот мобилен телефон за да бидам достапна и во тек со работата и тоа колку сум достапна за своето семејство“ – заклучува еден од родителите коишто разговарале со авторите на ова истражување.
Тони Анскомб од „AVG Tehnologies“ укажува на уште еден податок којшто треба да се земе предвид – 25% од родителите изразиле желба нивните деца да го намалат користењето на своите уреди. Притоа, тој ги советува родителите да им служат како пример на децата.
„Кога земаме мобилен телефон, а имаме деца коишто се на помала возраст, многу е важно што порано да изградиме добри навики за користење на овие уреди во својот дом“, смета тој. „Децата се однесуваат онака како што се однесуваат родителите, па нормално е дека ќе се огледуваат на своите родители и кога се во прашање мобилните телефони.“