Како самите да направите клима уред со помош на картон и пластични шишиња?

Како самите да направите клима уред со помош на картон и пластични шишиња?

Времето станува сè потопло и ако верувате во прогнозите постојат големи шанси дека набрзо летото ќе дојде во полн ек. Но, има голем број луѓе ширум светот кои не можат или не сакаат да вложат во скап клима уред кој би го користеле само неколку месеци во годината. Токму затоа се започнал еден проект, наречен „Eco-Cooler“ кој им помага на сè повеќе луѓе да се оладат – дури и ако немаат струја. Сè што ви е потребно за овој уред се неколку обични пластични шишиња и парче картон. Оваа едноставна конструкција веќе била поставена во повеќе од 25.000 домови во Бангладеш каде успешно ги намалува високите температури.

(1) Како самите да направите клима уред со помош на картон и пластични шишиња?

И вие самите можете многу лесно и едноставно да го направите овој „клима уред“. Најпрво треба да исечете неколку дупчиња во големо парче дебел картон. Дупките треба да бидат доволно широки за низ нив да може да се протне врвот на обично пластично шише. Следниот чекор е да ги исечете шишињата на половина со помош на ножици. Откако ќе го сторите тоа, додадете ја половината од шишето која го содржи врвот во картонот. Поставете го картонот на прозорец, со шишињата насочени кон надвор и прицврстете го добро.

(2) Како самите да направите клима уред со помош на картон и пластични шишиња?

Колку е поголема разликата во големината на дијаметарот на шишињата и нивните врвови, толку подобар ефект ќе почувствувате. Сте забележале дека ако дувнете низ цевка, воздухот од другата страна излегува ладен? Истиот принцип важи и тука: Топлиот воздух поминува низ шишето и како што се стеснува неговиот пат, така тој се лади. Промената во температурата е околу 5 степени, но во земјите каде има премногу високи температури, тоа може да направи огромна разлика.

(3) Како самите да направите клима уред со помош на картон и пластични шишиња?

Станува збор за едноставно, корисно и генијално решение. И којзнае, можеби токму вам ќе ви помогне да се изладите за време на летните горештини.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар