Како сами да си одгледувате јаготки во текот на целата година?
Јаготките отсекогаш биле најдобриот пријател на градината. Тие се лесни за одржување, растат брзо и произведуваат многу плодови без да зафаќаат многу место. Најдобро од сè е што можете да ги одгледувате и надвор, и дома во саксија. Сè што ви е потребно е саксија, земја и секако, растението.
Купете растение и ставете го во вода пред да го засадите. Саксијата нека има дупчиња на дното за да има од каде да излегува вишокот вода. Сигурно не сакате да ги поплавите вашите јаготки. Наполнете ја саксијата со земја и засадете го растението во средина. Зацврстете ја неговата положба со земја, така што корењата ќе му бидат поставени во права линија надолу. Корењата треба целосно да се под земја, а растението да излегува над земјата од делот каде што има зелена боја. Оставете околу 5 сантиметри од саксијата празни. Веднаш можете да го навадите растението.
Доколку ги одгледувате внатре, многу е важна локацијата на јаготките. Потребно е барем 6 часа во текот на денот да бидат изложени на сонце. Немојте да претерате со вадење, а за да проверите дали имаат доволно вода, ставете го прстот во почвата. Таа треба да биде влажна, но не премногу мокра. Наводнувајте ги јаготките наутро за да спречите појавување на некои болести. Исто така, на секои неколку недели свртувајте го растението од другата страна за да биде изложено на сонце од сите страни.
Ако ги следите овие совети, вашите јаготки би требало да созреат во пролет. За брзо време ќе имате свое органско овошје.
Погледнете ги и овие растенија кои можете да ги одгледувате во вашата кујна.