Како поминувањето време надвор ги инспирира жените да бидат подобри лидери?

Како поминувањето време надвор ги инспирира жените да бидат подобри лидери?

Денес многу деца не поминуваат доволно време надвор, но за жените ситуацијата е уште полоша. Едно истражување од 2014 година покажало дека жените поминуваат многу помалку време надвор отколку мажите. Родителите помалку им дозволуваат на женските деца да си играат надвор за разлика од машките, а ова значи помалку играње во дворот на училиштето, помала вклученост во активности на отворено и слично, што може да има навистина сериозни последици.

kako-pominuvanjeto-vreme-nadvor-gi-inspirira-zhenite-da-bidat-podobri-lideri-kafepauza.mk

Кога жените поминуваат време надвор, придобивките се огромни

Кај децата кои поминуваат време надвор е забележано подобрување на менталното, физичкото и емоционалното здравје. Па не е изненадувачки фактот дека поминувањето време надвор им помага и на младите девојки да бидат покреативни, подобро да решаваат проблеми и да бидат поздрави. Девојките имаат неочекувани придобивки од времето поминато надвор: им се зголемува самодовербата и нивните способности за водење.

На светот му се потребни повеќе жени лидери

Жените се многу помалку застапени како лидери во некоја фирма. Причините се комплицирани: општествената недоверба кај жените како лидери, дискриминацијата, мајчинството и некои други фактори, но најважно од сè – недостатокот на самодоверба.

Неодамнешно истражување покажало дека 70% од жените чувствуваат притисок од општеството да изгледаат поубаво, да бидат послаби и да бидат посреќни. Овој притисок не ѝ влијае добро на самодовербата, што значи дека многу жени нема ни да аплицираат за работно место ако не се чувствуваат 100% квалификувани.

Но, времето поминато во природа може да им помогне на жените да го игнорираат притисокот од општеството. Ова нема да го „излечи“ сексизмот, но барем им ја дава потребната самодоверба на жените за да го постигнат успехот што го можат.

Жените наоѓаат засолниште од овие притисоци во нивниот двор – буквално

Само 1 час поминат во природа ѝ помага на жената да биде посреќна и да се чувствува како авантурист. Жените кои поминуваат повеќе време надвор исто така имаат одлично ментално, физичко и духовно здравје. Овие жени, исто така биле посигурни во своите постапки во стресните ситуации дома, на училиште, па дури и во спортот и политиката.

Па, како да ги изнесеме жените надвор?

Со цел да ги добијат сите придобивки од природата, децата треба да почнат уште од многу мали. Воспоставувањето добри навики како дете е клучно. Мајките двојно повеќе ги охрабруваат нивните ќерки да поминуваат време на отворено, а овие деца имаат поголеми шанси да продолжат да поминуваат време надвор и откако ќе пораснат. И, ова се наследува низ генерациите – девојките кои поминувале време надвор како деца е поверојатно да ги охрабруваат нивните ќерки да го прават истото.

Охрабрувањето на младите девојки да излегуваат надвор е лесен начин да се осигури нивниот успех

Има уште многу пред да се постигне вистинска еднаквост на половите, но излегувањето надвор овозможува зголемување на самодовербата кај девојките и младите жени. Зошто е ова важно? Бидејќи кога жените ќе бидат успешни, човештвото ќе стане посилно и подобро.

Погледнете ги и 6-те ментални блокади кои ги спречуваат жените да бидат успешни.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар