Како овој маж успеал да најде мотивација за да ја надмине депресијата и да изгуби 30 килограми?
Џеф Кендал страдал од депресија и се борел против вишокот килограми уште откако знае за себе.
„Минував поголем дел од ноќите буден во креветот прашувајќи се дали некогаш ќе ослабам и ќе станам личноста што сакам да бидам“, изјавил 26-годишникот од Торингтон, Конектикат.
Откако мајка му имала проблем со здравјето што ѝ го променил животот, Џеф го здогледал ова како можност да преземе одговорност за неговото здравје.
„Мајка ми имаше мозочен удар на 4-ти јули, 2015-та година. Помина месеци во центри за рехабилитација и не можеше да прави ништо.“
Кога мајка му конечно се вратила дома, имала потреба од 24-часовна нега. Џеф бил преплавен од емоции. Со неговата тогашна тежина од 113 килограми, тој знаел дека ако не може да се грижи за неговото здравје, нема да може да ѝ овозможи соодветна нега на мајка му.
Во истиот период, еден негов пријател минувал низ раскинување, па решиле заедно да се вратат во форма. Наскоро овој систем со пријател за вежбање почнал да се исплати. Џеф почнал да му се радува на вежбањето, но не само поради слабеењето, туку и за намалување на стресот.
„Здравјето на мајка ми ги стави моите проблеми во перспектива. Малите болки не се толку лоши, а со вежбањето се стекнува навика. Сега само се обидувам да се однесувам како личноста што сакам да бидам. Се обидувам да бидам смирен и искрен со себе.“
Неговото патување го научило да се сака себеси. Бавно, но сигурно, тој научил дека иако менувањето на секојдневната рутина може да го промени вашиот надворешен изглед, не значи дека ќе ја промени и вредноста што си ја придавате себеси. Но бидејќи одлучил да прави поздрави избори, Џеф веќе изодел половина од патот.
Денес Џеф има изгубено над 30 килограми и има повеќе самодоверба од кога било.
„Во најмала рака, се прошири мојот поглед кон животот. Гледам нова можност и се чувствувам исполнето.“
Неговиот совет за слабеење и градење самодоверба? Бидете искрени со себе и дајте го најдоброто.
„Почнете бавно и создавајте навики. Немојте да се преморувате.“
Прочитајте ги советите за слабеење од луѓето кои се ослободиле од вишокот килограми.