Како оваа пролет да привлечете пари и добра енергија во вашата куќа?

Како оваа пролет да привлечете пари и добра енергија во вашата куќа?

Според Фенг шуи, областа поврзана со пари, финансиски просперитет и изобилство, го зафаќа југоисточниот дел од вашиот дом или канцеларија. Па, време е да создадете добра енергија во него. Кога областа на парите е соодветно уредена, вашиот дом или канцеларија се во состојба да ја привлечат и задржат енергијата на богатството. Ова дефинитивно ќе се одрази во вашиот живот, па затоа потрудете се да ги применувате овие совети кои следат.

Со помош на овие работи привлечете пари и добра енергија во вашата куќа

Елементот на богатството во Фенг шуи е токму дрвото, а веќе знаете дека тоа е збогатено со вода, која заедно со земјата го негува и му дава солидна основа за раст. Декорот во вашиот дом или канцеларија во областа на парите треба да биде составен од токму овие елементи.

1. Внесете здрави и бујни зелени растенија, како што е бамбусот и други билки кои го прочистуваат воздухот, а исто така можете да искористите и други силни билки кои ќе напредуваат усогласени со природното осветлување во таа област.

2. Поставете фонтана, огледало или пејзаж со вода. Ако сте доволно креативни, можете да ставите и цела фонтана во областа на парите, а ако не сте сигурни за овој чекор, можете едноставно и да закачите слика со прекрасен водопад, езеро и слично. Само бидете сигурни дека водата е чиста и дека тече. И огледалото е одлично за оваа област, а не е голема инвестиција.

3. Нагласувајте специфични форми во оваа област. Секој Фенг шуи елемент е изразен во одредени форми, па можете да дојдете до посакуваната енергија правоаголни (дрво), квадратни (земја) и брановидни (вода) облици. Тоа може да бидат примероци, рамки, ткаенини или тапети. Овие форми ќе донесат добра енергија во оваа област.

4. Сликите од шуми, паркови или диви зеленила ќе донесат добра енергија. Исто така можете да закачите слики со интересни форми на земјиште, како што се песочни плажи, планини и слично.

5. Одберете ги најдобрите Фенг шуи бои за декорација на просторот за пари, а тоа може да бидат ѕидови, ткаенини или декор. Зелената, виолетовата и црвената боја се најмоќни за привлекување изобилство.

6. Украсете ја областа со слики кои прикажуваат или симболизираат изобилство. Можете да изберете нешто модерно или слика која за вас претставува богатство и раскош.

7. Размислете за класични Фенг шуи декорации, само бидете сигурни дека одговараат на вашиот ентериер.

8. Секогаш држете ја енергијата свежа и жива со помош на убави природни мириси, свежи цвеќиња и неколку свеќи. Одржувањето на таа област добро осветлена и пуштањето смирена музика, одвреме-навреме може да привлечат добра енергија. Препорачливо е да набавите црвен свеќник, затоа што црвената боја ќе го исполни просторот со сјајна енергија, а квалитетниот свеќник симболизира долг живот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар