Како одредени луѓе влијаат врз телесната тежина на жените?

Како одредени луѓе влијаат врз телесната тежина на жените?

Можеби не сте знаеле, ама овие 4 видови луѓе можат да придонесат при покачувањето на вашата телесна тежина. Познато е дека луѓето повеќе јадат кога се опкружени со блиски личности, но тоа не значи дека истото мора да се случи и со вас. Погледнете ги наредниве неколку начини на кои блиските можат да влијаат врз вашата тежина и како да се справите со тоа…

Како одредени луѓе влијаат врз телесната тежина на жените?

1. Вашиот партнер

Ако вашиот партнер има вишок килограми, постојат дури 37% шанса дека и вие ќе ја покачите вашата телесна тежина. Особено ако живеете заедно. Доколку сакате да го избегнете тоа, а вашиот партнер не е подготвен за нов режим на исхрана, тогаш мора да воспоставите правила во однос на храната. Одделете ги оние работи кои се ваши од оние на партнерот и придржувајте се само до тоа што вие самите сте си одредиле да го јадете во текот на денот.

2. Вашите деца

Жените со деца дневно консумираат и до 400 калории повеќе од оние кои немаат деца. Но, добрата организација може да ви помогне да им одолеете на овие несакани калории во текот на еден ден. На пример, кога вашето дете ќе побара чоколадо или чипс, не посегнувајте и вие по истите овие задоволства. Наместо нив, земете нешто поздраво, како бадеми и јогурт.

3. Вашата најдобра пријателка

Ако вашата најдобра пријателка е со прекумерна телесна тежина, тогаш постојат и до 57% можност и вие да качите некое кило повеќе. Токму затоа обидете се да ги избегнувате рестораните за брза храна додека сте заедно и договарајте се почесто да одите некаде каде што има здрава храна. На овој начин не само што ќе ја задржите вашата тежина, туку ќе ѝ помогнете и на вашата пријателка да почне да се исхранува поздраво.

4. Вашите колеги

Заедничкиот ручек за време на пауза е одличен начин за зближување со колегите, но тој може да биде опасен за вашата линија. Истражувањата покажале дека кога сме опколени со поголема група на луѓе, односно над 7 души, тогаш можеме да изедеме и до 96% повеќе од вообичаено. Токму затоа кога сте со колегите на ручек, фокусирајте се на оној дел од менито кое вклучува здрава храна…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар