Како од бајка: Прекрасно тиркизно швајцарско езеро, но и една морничава легенда
Во западна Швајцарија, во долината Кандер се наоѓа едно мало езеро. Сепак, тоа е популарна туристичка дестинација, па секако мораше да истражиме за што станува збор.
Езерото се вика Блузи, т.е. Сино езеро, и доволно е само да ги погледнете фотографиите за да разберете зошто сите сакаат да го посетат.
Бојата на водата во езерото е скоро нереална – целосно тиркизна и чиста. Особено во комбинација со зеленилото на околните шуми, оваа дестинација потсетува на најубавите сцени од рекламите за чоколадото „Милка“. Можете исто така да видите скулптура на жена која гледа во небото и изгледа како да плаче. Не без причина, затоа што постои легенда поврзана со езерото која вели дека тоа ја добило бојата на очите на една жена која жалела за смртта на својот љубовник. Тој починал откако паднал од карпа, а таа плачела тука цел живот. Уште во 1998 година, уметникот Рафаел Фукс направи статуа на жена која лежи на дното на езерото, така што само главата излегува над површината.
Малку бизарна приказна во близина на една толку убава сцена, но секогаш можеме да се тешиме со фактот дека тоа е само легенда. Совршено е за алпинисти, велосипедисти, планинари или оние кои сакаат романтично возење со брод. Од есен до пролет е можно нуркање, па така ќе можете да ја видите статуата одблизу.
Во близина има убав хотел и добар ресторан, па можете да се опуштите без да размислите „каде после“. Околните патеки се погодни за сите возрасти и не се тешки, а до езерото лесно се стигнува со автомобил, па дури и со локален автобус.
Прочитајте кои 5 трендови во патувањето кои нѐ очекуваат по завршувањето на пандемијата.