Како навистина требало да изгледаат светски познатите градби?

Како навистина требало да изгледаат светски познатите градби?

Дали некогаш сте се запрашале која е идејата што се крие зад грандиозните споменици од минатото? Откријте како биле замислувани некои од најпознатите градби низ светот пред да се изградат, но и пред да се претворат во урнатини.

1. Пирамидите во Гиза, Египет

(1)kako-navistina-trebalo-da-izgledaad-svetski-poznatite-gradbi-kafepauza.mk

Оригинално, пирамидите во Египет биле покриени со блескав рефлектирачки слој направен од полиран варовник. Ова би ги направило навистина неверојатен и достоен симбол за големината на фараоните. Замислата била да се гледаат од планините на Израел, па дури и од небото. За жал, овој горен слој бил уништен од земјотрес во 1301 година. Можно е паднатиот материјал да бил искористен за реновирање на зградите во Каиро откако градот бил уништен од Арапите во 12-тиот век.

2. Саграда Фамилија, Шпанија

(2)kako-navistina-trebalo-da-izgledaad-svetski-poznatite-gradbi-kafepauza.mk

Изградбата на оваа позната црква започнала во 1882 година. Според пресметките на нејзиниот креатор, Антони Гауди, градењето би траело 3-4 векови со користење на технологијата која била достапна во 19-тиот век. Со согласност од луѓето кои го менаџирале проектот, изградбата била финансирана исклучиво од донации, а ова е уште една причина зошто би било потребно толку долго време за изградба. Но, благодарение на денешната технологија, конструкцијата би требало да заврши до 2026 година, речиси 100 години од смртта на познатиот архитект.

3. Колосеумот, Италија

(3)kako-navistina-trebalo-da-izgledaad-svetski-poznatite-gradbi-kafepauza.mk

Познатиот Колосеум бил изграден во 1-иот век, и веќе илјадници години подоцна ова архитектонско чудо сепак во голем дел си го задржало оригиналниот изглед. Во средината на 14-тиот век, дел од градбата се срушил поради силен земјотрес. После ова, Колосеумот се гледал како извор на градежен материјал за други градби. И покрај овие несреќни случајности, Колосеумот сè уште е чудо во архитектонскиот свет.

4. Кулата Индија

(4)kako-navistina-trebalo-da-izgledaad-svetski-poznatite-gradbi-kafepauza.mk

Кулата Индија е неверојатно висок облакодер кој треба да се изгради во Мумбај. Замислена е како втора највисока градба во светот, после Бурџ Калифа во Дубаи. Дури и Џорџо Армани работел на ентериерот. Но, во 2011 година изградбата е сопрена.

5. Партенон, Грција

(5)kako-navistina-trebalo-da-izgledaad-svetski-poznatite-gradbi-kafepauza.mk

Партенонот е најпознатиот споменик кој останал од древниот свет. Овој храм е изграден од Грците во чест на божицата Атина и е дел од атинскиот Акропол. Зданието многу пати страдало од тирани, обиди за реконструкција, воени напади, пожари, па дури доживеало и трансформација во црква и џамија За жал, поголемиот дел од ова чудо денес е во урнатини.

6. Бурџ Ал Алам, Обединети Арапски Емирати

(6)kako-navistina-trebalo-da-izgledaad-svetski-poznatite-gradbi-kafepauza.mk

Ова е уште еден многу висок облакодер од околу 510 метри и има форма на кристален цвет. Изградбата требало да заврши во 2009 година, но поради глобалната економска криза крајниот рок бил продолжен. Во 2013 година проектот е целосно напуштен.

7. Кулата Јунити, Полска

(7)kako-navistina-trebalo-da-izgledaad-svetski-poznatite-gradbi-kafepauza.mk

Оваа градба била замислена како регионална канцеларија за Полското здружение на инженери. Изградбата започнала во 1975 година, но поради економски проблеми работата била во застој 6 години. Денес е одлучено целосно реновирање на објектот со цел да се претвори во елитна станбена зграда.

Погледнете и кои се најпознатите градби ширум светот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар