Како настанало сè: 10 занимливости кои ќе ви ги откријат сите тајни за Божиќ - Part 2

Како настанало сè: 10 занимливости кои ќе ви ги откријат сите тајни за Божиќ

Како настанало сè: 10 занимливости кои ќе ви ги откријат сите тајни за Божиќ
6. Дедо Мраз всушност е инспириран од Свети Никола. Според легендата, Свети Никола од Патара, град кој денес е во Турција, бил епископ, заштитник на децата и жените, кој решил да им го подари сето свое богатство на оние кои немаат ништо.

За него се вели дека починал на 6 декември 343 година, а со текот на годините приказната за неговите дела се раширила низ целиот свет.

Токму овој светец одиграл важна улога во Холандија во времето на Реформацијата. Бидејќи неговото име на холандски јазик е „Sinter Klass“,на англиски се именувал како „Santa Claus“, а на македонски е познат како Дедо Мраз.

7. Ликот на Дедо Мраз го искористила Кока Кола, прва компанија во историјата која го претставила овој лик во комерцијални цели. Тие го прилагодиле ликот на Дедо Мраз на студеното време, дизајнирале костим што стана препознатлив низ целиот свет и секоја година редизајнираат божиќни реклами за нивниот производ со Дедо Мраз.

Хадон Сундблом, илустраторот кој го дизајнирал Дедо Мраз каков што го знаеме денес, ја одиграл важна улога кога за првпат го илустрирал најпознатиот дедо на светот во 1931 година.

8. Омилениот ирвас на Дедо Мраз, Рудолф, е создаден за да ги охрабри децата и родителите да купуваат боенки со божиќни мотиви во 1960-тите. Но, тој тогаш немал црвен блескав нос.

Поточно, во тоа време, црвениот нос бил поврзуван со болести и алкохолни состојби, а бидејќи боенките биле наменети за деца, компанијата „Монтгомери Вард“ сакала да ја избегне таквата асоцијација по секоја цена. Тие, исто така, имале намера ирвасот да го наречат Реџиналд или Роло.

9. Една од најпознатите и најпродаваните божиќни приказни на сите времиња е „Божиќна приказна“ („Christmas Carol“) од Чарлс Дикенс.

Приказна го следи животот на старецот Скруџ и трите духови што го водат низ минатото, сегашноста и иднината од неговиот живот. Оваа приказна Дикенс ја пишувал неколку дена и тоа по нарачка. Ја напишал приказната за да ги исплати своите долгови.

Во негово време, температурите биле многу пониски отколку што се денес, така што тој редовно имал можност да го доживува вистинскиот бел Божиќ опишан во книгата. Токму овој опис ги поттикнал и другите да пишуваат и зборуваат за „Белиот Божиќ“.

10. За една од најубавите традиционални божиќни песни се смета „Тивка ноќ, света ноќ“.

Песната е првично наречена „Stille Nacht, heilige Nacht”и е создадена во малиот град Оберндорф близу Салцбург во 1818 година. Ја напишал свештеникот Џозеф Мохр и за првпат била изведена таму на Бадник од страна на црковен хор.

Во 2011 година оваа песна била вклучена во списокот на УНЕСКО за заштитено нематеријално културно наследство. „Тивка ноќ, света ноќ“ е препеана на многу јазици ширум светот.

Можеби сакате да прочитате и за 10-те интересни божиќни традиции ширум светот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар