Како настанало сè: 10 занимливости кои ќе ви ги откријат сите тајни за Божиќ
Божиќ е еден од најголемите празници насекаде во светот. Но, дали некогаш сте се запрашале како сето тоа се случило, зошто се слави токму на 25 декември односно 7 јануари и од каде потекнува традицијата за китење елка? Како се појави Дедо Мраз во обликот во кој денес го познаваме и каква поврзаност помеѓу сите овие нешта има Холандија?
Еве ги и одговорите:
1. Како прво, дел од православните верници Божиќ го слават на 7-ми јануари затоа што се раководат по стариот Јулијански календар, но сите останати верници го прославуваат овој празник на 25 декември, раководејќи се според Грегоријанскиот календар. Божиќ воопшто не се славел до III век. Во самата Библија не се споменува декември во делот кој се однесува на раѓањето на Исус, па многу историчари веруваат дека Исус, за кого се слави Божиќ, е роден на пролет.
Но, она што се случува во декември е Сатурналија, антички римски фестивал што се одржува во чест на богот Сатурн. Овој фестивал во минатото бил повод за размена на подароци и жртвување животни за наредната година да биде плодна и успешна.
2. Првиот божиќен саем бил отворен во XVI век во баварскиот град Нирнберг. Уште во 1570 година, на тој саем се продавале храна и пијалаци на штандови, а со текот на годините саемите во оваа германска област, познати како „кристкиндмаркс“, се прошириле низ цела Европа, а потоа и во Америка.
3. Првото украсување на елка слично како денес е забележано околу 1600 година во Рајнската област во Германија и оттаму оваа традиција се проширила низ целиот христијански свет. Се смета дека Германците за овој ритуал пронашле инспирација во античките верувања.
Зимзеленото дрво во нивниот свет ја симболизира плодноста, а гранките биле осветлени со свеќи за да се посака добра жетва и да се одвратат злите сили.
Германскиот принц Алберт ја вовел традицијата на китење елки за својата сопруга, кралицата Викторија од Англија, и тоа како традицијата започнало да се шири низ целиот свет. Исто така, кралицата Викторија ја испратила првата официјална божиќна честитка на некој службеник во Англија.
4. Кај нас постојат многу фолклорни обичаи кои се поврзани со Божиќ, како што се: внесувањето слама и бадникови гранчиња во куќата, коледарските песни и огнот.
Порано елките се кителе со јаболка, јаткасти плодови и бонбони, а од репка се изработувала ѕвезда која стоела на врвот од елката како алузија на настаните од Витлеем.
5. Најчесто елките ги украсуваме со златни или црвени украси. Но, ова не е случајно. Се смета дека сите овие бои се поврзани со вистинското значење на Божиќ. Црвената боја го симболизира Исус и неговата последна жртва, зелената – живот, а златната – светлина и изобилство.
Продолжете да читате на следната страница…