Како настанал изразот „Сабајлево станав на лева нога“?

Како настанал изразот „Сабајлево станав на лева нога“?

Дали сте забележале дека оваа необична фраза се користи многу често ширум светот? Таа настанала пред многу векови и поради навистина интересни причини… Сите знаеме дека кога некој ќе ни каже дека станал на лева нога најчесто со тоа сака да ни каже дека без некоја посебна причина е нерасположен и непријатен. Но, малкумина знаат што точно значи овој израз.

Како настанал изразот „Сабајлево станав на лева нога“?

Неговото потекло датира од старите Римјани, исто како многу други обичаи и фрази кои постојат долго време откако тие ги напуштиле териториите на кои тогаш се наоѓале. Објаснувањето е прилично едноставно, левата страна во Рим се смета за лоша, злобна, баксузна, па токму затоа се верувало дека доколку по станувањето од кревет прво допрете со левата нога на подот, вие ќе предизвикате цел ден да ви се одвива лошо. Ова верување е исто така и причината зошто Римјаните кога влегуваат во домот, го пречекоруваат прагот од влезната врата со десната нога. Тие не сакаат со левата нога да повикаат зло.

Интересен е и фактот што англискиот збор „sinister“ кој значи злокобен, настанал од латинскиот збор „sinister“ кој значел лево.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар