Како нашиот мозок создава креативни и оригинални идеи?
Според истражувачите, креативноста е способност да размислуваме на нови и оригинални начини за решавање на проблемите. Но, не секое ново решение е креативно. Ако идејата не е целосно применлива, тогаш не се смета за креативна, туку како конзервативна. Претпоставка на истражувачите е дека за да биде создадена креативна идеја, мозокот мора да активира многу различни, а понекогаш и контрадикторни мрежи.
Во првиот дел од истражувањето на испитаниците им била дадена половина минута да дојдат до нова и оригинална идеја за употреба на различни објекти. Добиените одговори биле со висок процент на оригиналност. Во вториот дел од истражувањето од испитаниците било побарано во рок од половина минута да го дадат нивниот најдобар карактеристичен (и прифатлив) опис на дадениот објект. Во текот на истражувањето сите испитаници биле скенирани со помош на функционална магнетна резонанца за испитување на мозочната активност.
Истражувачите откриле покачена мозочна активност во асоцијативната област на мозокот на испитаниците чии креативни идеи биле со највисока оригиналност. Оваа област која ги опфаќа предните медијални подрачја на мозокот, главно работи „во позадина” кога личноста не е концентрирана, слично на начинот на „сонување со отворени очи”.
Но, истражувачите исто така откриле дека оваа област не работи сама. За одговорот да биде оригинален, дополнителната мозочна област која има административна контролна улога е во тесна соработка со асоцијативната област. Паралелната соработка помеѓу овие две мозочни област допринесува до создавање оригинална креативна идеја.
Резултатот од паралелното управување на мозокот со овие две области резултира со креативност. Истражувачите заклучуваат дека е можно најголемите креации на човештвото да се создадени од луѓе кои имале многу силна врска помеѓу овие две мозочни области.