Како најлесно да ги препознаете генетски модифицираните овошја и зеленчуци?

Како најлесно да ги препознаете генетски модифицираните овошја и зеленчуци?

За да знаете каква храна јадете, важно е да ги читате декларациите. Но, токму тие декларации како намерно да ги комплицираат работите, па за нивно разбирање ни е потребен стручен кадар. Затоа одлучивме да истражиме барем еден дел од мистериозните броеви кои го кријат вистинското потекло на овошјата и зеленчуците кои ги јадеме секојдневно. Ако досега не сте ги забележале броевите на налепниците на овошјето или зеленчукот или на ознаките во супермаркетот, тогаш време е да обрнете внимание. Контролните броеви на овошјето или зеленчукот ни откриваат сѐ – дали станува збор за генетско модифицирана храна, дали е традиционално третирана со пестициди или пак, е органски одгледана.

1-kako-najlesno-da-go-prepoznaete-genetsko-modificiranoto-ovoje-i-zelenuk-www.kafepauza.mk_

1. Ако на налепницата или ознаката има четирицифрен број кој започнува со 3 или 4, како на пример на бананите кои имаат број 4011, станува збор за храна која е конвенционално или традиционално одгледана, што значи дека се користени пестициди, но не е генетски модифицирана.

2. Ако пронајдете петоцифрен број кој започнува со цифрата 8, тогаш станува збор за генетско модифицирана храна. Така на пример, бројот на генетско модифицираната храна би изгледал 84011. Честопати генетско модифицираната храна се обележува и со троцифрен број.

3. Ако вашето овошје или зеленчук има петоцифрен број кој започнува со 9, тогаш можете да бидете сигурни дека станува збор за органска храна што не спаѓа во категоријата ГМО и која е одгледана без пестициди. Бројот на органско одгледаните банани би изгледал вака: 94011.

Најчесто генетски модифицираните овошја и зеленчуци се: јаболко, грозје, јагоди, боровинки, праски, портокали, цреши, пиперки, краставици, спанаќ, нектарини, кељ, боранија, пченка и компир. За да не изгледа сѐ така црно, храната што ретко генетски се модификува е манго, авокадо, ананас, диња, лубеница, грејпфрут, киви, лук, домат, грав, зелка, печурки и сладок компир.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар