Како најдобро се учи анатомија?
Заборавете на книгите и „примероците“ во мртовечницата. Ова е многу позабавен начин да го разберете човечкото тело. Петмина студенти на Кралскиот институт за технологија во Мелбурн, Австралија, 18 часа сликале врз скоро голото тело на моделот Зек О`Брајан, кој доброволно се согласил да им помогне. Тие детално ги цртале неговите коски, тетиви и мускули, односно нацртале како Зек би изгледал доколку му биде отстранета кожата.
Иницијативата е на професорката д-р Клаудија Дијаз, која на овој начин ги „оживува“ нејзините часови и им помага на студентите полесно да го запомнат материјалот.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.