Како мозокот може да ги издаде нашите тајни?

Како мозокот може да ги издаде нашите тајни?

Човечкиот мозок е способен да ги решава најкомплицираните проблеми. Токму затоа не е ни чудно што научниците го споредуваат со суперкомпјутер. Но, што би се случило кога нашиот личен компјутер би почнал да ги споделува сите наши приватни информации со непознати луѓе? Во продолжение дознајте како нашиот мозок може да ни влијае на однесувањето и да ги издаде тајните што ги криеме…

Како мозокот може да ги издаде нашите тајни?

1. Ако не можете да престанете да гледате во некого тоа значи дека сочувствувате со таа личност и вашиот мозок мисли дека испуштил некој важен детаљ од нејзиниот надворешен изглед.

2. Ако многу често губите во караниците тоа значи дека најверојатно поседувате висока интелигенција. Сакате да направите анализа на сите достапни информации. За време на конфликтите вие постојано вршите проценка на вашите аргументи и сфаќате дека немате доволно докази. Помалку интелигентните луѓе не се способни за таква самоанализа што ги прави посамоуверени во одбраната на нивното мислење и став.

3. Ако премногу лично ги сфаќате критиките тогаш вам ви недостасува самодоверба. Почувствителни сте на лошите зборови отколку на пофалбите. Кога некој кажува нешто негативно за вас, вашиот мозок го толкува тоа како нетипична ситуација која претставува закана и реагира со тоа што го лачи хормонот кортизол.

4. Ако имате неуреден ракопис тоа значи дека вашиот мозок работи побрзо од вашите раце. Брзате бидејќи мислите дека уредното пишување ви троши драгоцено време.

5. Ако не можете да се ослободите од некоја штетна навика тогаш сте мрзеливи. Вашиот мозок ги користи тие навики за вие да можете да се одморите и да функционирате со минимален вложен труд, бидејќи со повторувањето на добро запаметените дејства, заштедувате енергија. Токму затоа, мозокот се обидува да го претвори секое повторливо дејство во навика.

Како мозокот може да ги издаде нашите тајни?

6. Ако одеднаш заборавате што сте сакале да направите или каде сте сакале да одите тоа значи дека свесно или потсвесно сте преокупирани со друг проблем. Капацитетот на нашата краткотрајна меморија е многу мал. Кога нашиот мозок се справува со неколку задачи одеднаш, може да се случи некое парче информација целосно да отстрани друга информација.

7. Ако додека брзате не можете да ги најдете работите што ви требаат (дури и да се пред вашиот нос) тогаш вашите очи се побрзи од вашите мисли. Вашиот мозок нема време да ги обработи информациите што ги прима од вашите очи. Ова е последица на нервозата која прави мозокот побавно да ги анализира визуелните информации.

8. Ако многу често ги сонувате нештата што сте ги правеле во текот на денот, тогаш поминувате премногу време во извршување повторливи дејствија. Вашиот мозок ја толкува таквата активност како знак дека треба да учи и почнува да ги обработува информациите додека спиете за да може подобро да функционира во текот на секојдневните доживувања.

9. Ако не можете да се сетите на нечие име дури и да го препознавате неговото или нејзиното лице, тогаш вие имате визуелна меморија. Запознавањето нов човек ви го полни мозокот со многу нови информации, па за да заштедите енергија, се насочувате на работите кои ви е полесно да ги запаметите. Во вашиот случај тоа подразбира визуелни податоци.

10. Ако чувствувате мачнина кога се возите, тоа значи дека вашето тело мисли дека е отруено. Вашите очи и мускули даваат сигнали дека мирувате, додека, пак, вашиот центар за рамнотежа перципира движење. Мозокот ги толкува овие спротивставени сигнали како труење, поради што вие почнувате да чувствувате мачнина.

Доколку сакате да дознаете повеќе за најмоќниот човечки орган, прочитајте дали луѓето навистина употребуваат само 10 проценти од мозокот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар