Како кралицата Елизабета „се извлекува“ од здодевните разговори?

Како кралицата Елизабета „се извлекува“ од здодевните разговори?

Дали некогаш ви се случило да отидете на некоја забава и да „заглавите“ во здодевен и напорен разговор од кој не знаете како да се извлечете? Кралицата Елизабета Втора постојано мора да води бројни разговори на сите друштвени настани на кои присуствува. Неретко тие разговори се оддолжуваат и на кралицата ѝ стануваат здодевни, па се послужува со еден одличен трик. Секако дека таа пред сѐ е дама и користи суптилни знаци за да им сигнализира на нејзините придружници дека сака да ја „спасат“. Прочитајте за какви трикови станува збор…

Како кралицата Елизабета „се извлекува“ од здодевните разговори?

1. Кога кралицата Елизабета сака да им даде знак на нејзините придружници дека треба да ја извлечат од некој разговор, најпрво ја префрлува чантата од една рака на друга. Овој сигнал е доволно суптилен за да не биде забележан од другите, а нејзините вработени знаат дека мора да дојдат и да го прекинат разговорот.

2. Доколку префрлувањето на чантата помине незабележано, кралицата ќе се послужи со следниот трик: Ќе си игра со прстенот на нејзината рака. Кога кралските помошници ќе го здогледаат овој гест, знаат дека мораат што побрзо да преземат нешто, да го прекинат разговорот и да ѝ кажат на кралицата дека архиепископот од Кантербери сака да ја запознае.

3. Доколку кралските помошници не забележат ниту еден од првите два знака, кралицата се обидува со последниот трик: Ја спушта чантата на земја со што сака да каже дека треба да ја извлечат оттаму веднаш.

Овие трикови, иако се кралски, се одлична идеја која навистина може да се покаже како корисна во незгодна ситуација. Смислете си некој знак со вашите најдобри пријатели и употребувајте го секогаш кога ќе ви треба нивниот „спас“ од здодевните разговори на кои им нема крај.

Погледнете и какви реакции поттикна облеката на кралицата која наликува на „зелен екран“.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар