Како ќе завршеше „Breaking Bad“ ако сѐ беше сон?
Пред да биде Волтер Вајт во „Breaking Bad“, Брајан Кранстон ја играше улогата на Хал во серијата „Malcolm in the middle“. Наредното видео е микс помеѓу сериите „Malcolm in the middle“, „Breaking Bad“ и „Newhart”, серија во која во последната сцена главниот лик се буди и сфаќа дека сè претходно било само сон.
Како што се доближуваше крајот на „Breaking Bad“, голем број обожаватели на серијата се шегуваа дека таа треба да заврши како „Newhart”, со тоа што Хал од „Malcolm in the middle“ би се разбудил исплашен бидејќи сонувал дека бил дилер на метамфетамин, а неговата жена Лоис би го тешела дека сè било само лош сон.
На големо задоволство на сите обожаватели, Џејн Качмарек (мајката од „Malcolm in the middle“) и Брајан Кранстон го прифатија предизвикот и го снимија ова видео, со алтернативен крај на серијата „Breaking Bad“.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.