Како ќе изгледаат свадбите во 2021 година?

Како ќе изгледаат свадбите во 2021 година?

Како ќе изгледаат свадбите оваа година? Иако сè уште не знаеме дали ќе биде можно да се одржуваат и со колку гости, новите времиња секако наметнаа нови трендови.

Како ќе изгледаат свадбите во 2021 година?

Помалку луѓе, свадби на отворено – пандемијата секако влијаеше на светот на свадбите. Покрај свртувањето кон природата во секојдневниот живот, како и здравјето, органската и локалната храна, минимализмот во гардеробата и чистата нега на кожата, новиот начин на живот ќе ги преобликува и свадбите. Судејќи според најпопуларните списанија за венчавки, како и порталите, некои од претстојните трендови се многу сигурни.

Како ќе изгледаат свадбите во 2021 година?

Во 2021 година, свадбите на отворено ќе бидат најпопуларни, па затоа голема улога ќе играат егзотичните плажи, како и имотите на отворено, особено оние со романтични градини.

Покрај тоа, темата на венчавките оваа година ќе биде околу одржливоста и еколошката свест, така што нема да има пластика, а јадењата ќе бидат подготвени од локални добавувачи. Генерално, бројот на гости ќе се намали, па свадбите ќе се одржуваат со помал број луѓе. Венчаниците ќе се позајмуваат од мајки и баби или ќе се шијат по мерка, додека луксузот ќе остане во втор план. Во 2021 година, има надеж за вистинска забава, топли свадби без стотици луѓе кои не ги познавате и ги имате видено само неколку пати во животот. Не звучи толку лошо, нели?

Погледнете ги овие фотографии од свадби за време на карантин.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар