Како ќе изгледаа суперхероите од „Одмаздници“, ако ги носеа оригиналните костими од стриповите?
Филмовите со суперхерои, станаа едни од најпопуларните и најуспешните жанрови на денешницата, а тие постепено почнаа да ѝ го привлекуваат вниманието на публиката, уште од премиерата на „Железниот човек“ (Iron Man), во 2008 година. Ликовите коишто ни се презентирани во овие модерни филмски верзии, станаа лесно препознатливи за фановите ширум светот, а постојат од многу поодамна, кога тие не изгледале баш исто. И покрај тоа што американскиот издавач на стрипови Марвел, постапи одлично, со тоа што ни ги донесе суперхероите на големите екрани, сепак голем број измени се направени во нивниот изглед, за тие да изгледаат „пореалистично“.
Но, што ќе се случеше ако Марвел останеа верни на оригиналните верзии на ликовите? Како ќе изгледаа суперхероите тогаш? Дизајнерскиот тим од онлајн медиумот „Looper“ решил да го дознае одговорот на ова прашање и преку креативни техники во Фотошоп, го сторил тоа. Ние сметаме дека ликовите од филмовите изгледаат многу подобро, бидејќи некои од верзиите од стриповите изгледаат дури и смешно, но оставаме и на вас да ја направите споредбата и да формирате мислење.
Продолжете надолу, за да ги разгледате ретро костимите коишто би ги носеле вашите омилени ликови од „Одмазници“ (Avengers) и кажете ни што мислите за нив, во коментарите подолу. Дали повеќе ви се допаѓаат оригиналните костими или адаптираните верзии на филмското платно?
Тор (Thor)
Човекот-мравка (Ant-Man)
Капетан Америка (Captain America)
Црвената вештерка (Scarlet Witch)
Остроок (Hawkeye)
Сокол (Falcon)
Визија (Vision)
Жива (Quicksilver)
Гломазниот (The Hulk)
Црн пантер (Black Panther)
Железен човек (Iron Man)
Црна вдовица (Black Widow)
Човекот-пајак (Spider-Man)
Воена машина (War Machine)
Во продолжение, прочитајте и што мислат некои од фановите на оваа тема:
„Ти благодарам Марвел, што не ги направи да изгледаат како во стриповите. Ако останеа костимите во оригинал и на големото платно, ќе изгледаа многу детски.“
„Доловени се доволно слично како оригиналните. Креаторите на филмовите, само го подобриле изгледот, со цел суперхероите да изгледаат пореалистично.“
„А како треба да изгледаат? Луѓе, стриповите се направени пред децении, модата се сменила од тогаш.“
„Времињата се менуваат… Некои костими се дизајнирани во 40-тите и 50-тите години на минатиот век, што значи дека не би изгледале воопшто добро во денешно време.“
„Времињата се менуваат и дизајните на костимите од стриповите можеби би изгледале добро ако беа 80-тите или 90-тите години, но сега е 2018-та година!“
„Јас сметам дека некои од оригиналните костими изгледаат супер.“
Може да ве интересира и како би изгледале суперхероите доколку имаа по некое кило вишок?