Како јајца од диносаурус: Камења од кои произлегуваат легенди и убави фотографии

Како јајца од диносаурус: Камења од кои произлегуваат легенди и убави фотографии

На брегот на познатото рибарско село Моераки во Нов Зеланд лежат огромни расфрлани камења кои сè уште ги стимулираат имагинацијата и различните легенди за нивното потекло.

Како јајца од диносаурус: Камења од кои се произлегуваат легенди и убави фотографии

Камењата се огромни, тешки се неколку тони и се смета дека се формирани пред 60 милиони години. Нивната големина варира од половина метар до неколку метри. Нивните пукнатини ги прават уште поинтересни затоа што изгледаат како нешто да излегува од тој камен.

Локалните Маори ја објаснуваат оваа појава со разни легенди. Една легедна вели дека ова се остатоци од корпи за јагули што морето ги донело на брегот по потонувањето на едрилицата.

Друга легенда вели дека карпите ги претставуваат телата на морнарите кои се претвориле во камен по бура и бродолом. Овие морнари биле првите доселеници во Нов Зеланд (барем требало да бидат).

Постојат и разни приказни со вонземјани, но овие карпи потсетуваат на јајца на диносаурус.

Туристичка атракција

Вистината е дека камењата всушност лежеле под земја милиони години сè додека морето не ги измило песокот и тињата што ги покривале. Тие се формирале во морската кал и им биле потребни милиони години додека да ја добијат сегашната форма и големина.

Такви камења ќе најдете и во другите делови на Нов Зеланд, но овие се најпознати поради тоа што ги има повеќе. Ќе имаше уште повеќе ако луѓето не ги извадеа од плажата во текот на 19-тоит век. Тие ги користеле камењата како градежен материјал, како украс или како сувенир. Денес, тие се заштитени и нивното отстранување од плажата е забрането со закон.

Како јајца од диносаурус: Камења од кои се произлегуваат легенди и убави фотографии

Како јајца од диносаурус: Камења од кои се произлегуваат легенди и убави фотографии

Како јајца од диносаурус: Камења од кои се произлегуваат легенди и убави фотографии

Како јајца од диносаурус: Камења од кои се произлегуваат легенди и убави фотографии

Како јајца од диносаурус: Камења од кои се произлегуваат легенди и убави фотографии

Како јајца од диносаурус: Камења од кои се произлегуваат легенди и убави фотографии

Погледнете го овој прекрасен град на југот на Франција што ги збунува туристите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар