Како изгледале некои од најпознатите древни урнатини во минатото?

Како изгледале некои од најпознатите древни урнатини во минатото?

Во светот кој се движи пребрзо, имаме среќа што сè уште ги имаме урнатините од древните цивилизации да нè потсетат на нашето минато. Иако посетата на овие места стари илјадници години е навистина инспиративна, понекогаш е тешко да си замислиме како изгледале во минатото. За среќа, тим артисти дигитално ги рекреирале некои од најпознатите историски рушевини и ни претставиле како изгледале во нивните најдобри денови.

1. Домус Ауреа, Рим, Италија

Како изгледале некои од најпознатите древни урнатини во минатото?

Изграден помеѓу 65-та и 68-ма година од нашата ера од страна на најозлогласениот римски император, Златната Куќа на Неро била неверојатен комплекс користен за лудите забави и банкети на императорот. Огромната октогонална просторија со бетонски свод најверојатно била покриена со стаклен мозаик. Римскиот историчар Суетониј има напишано за „кружна сала за банкет која се вртела непрестајно, ден и ноќ, како небесата“. Тој опишал ѕидови со скапоцени камења, слонова коска и декорации од бисери. Звучи како навистина луксузно место.

2. Партенон, Атина, Грција

Како изгледале некои од најпознатите древни урнатини во минатото?

На врвот на ридот на Акропол се наоѓа Партенон. Ова здание било изградено во средината на 5-тиот век п.н.е. за златна статуа од Атина. Речиси секој знае како изгледа храмот однадвор, но што се случувало внатре? Огромната статуа била висока над 12 метри и била изрезбана од слонова коска и злато, поточно 1.140 килограми злато. Пред неа се наоѓал базен со вода за да го навлажнува воздухот и да ја зачува слоновата коска. Ова очигледно покажување на богатство и моќ праќало јасна порака до целиот свет. Оние кои биле доволно среќни да ја видат внатрешноста на Партенон кога бил во полн сјај сигурно биле воодушевени.

3. Базиликата на Максенција, Рим, Италија

Како изгледале некои од најпознатите древни урнатини во минатото?

Оваа неверојатна градба во Римскиот форум била најголемата римска базилика. На површина од 6.500 километри, таа била простор за состаноци, место за рекламирање и административна зграда. Била дизајнирана во стил кој ја покажувал важноста на римската власт. Неверојатните мермерни подови и бронзените тули на ѕидот ја направиле оваа зграда една од најневеројатните во древен Рим. Можеби деталите исчезнале со текот на времето, но благодарение на реконструкцијата можете да замислите колку прекрасно изгледала.

4. Долна тераса на Масада, Масада, Израел

Како изгледале некои од најпознатите древни урнатини во минатото?

Херод Велики ја изградил тврдината во Масада помеѓу 37-ма и 31-ва година п.н.е. Тврдината се наоѓа на изолирана карпа над Мртвото Море и е место со неопислива убавина. Елегантната, интимна палата на Херод имала 3 луксузни тераси. На фотографијата е прикажана долната тераса која била направена специјално за забава и релаксација. Била опкружена со столбови, а ѕидовите биле украсени со фрески и геометриски форми. Исто така имала и мала приватна бања.

Продолжува на следната страница…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар