Како изгледаат сопругите на најбогатите мажи во светот? - Part 2

Како изгледаат сопругите на најбогатите мажи во светот?

7. Амансио Ортега и Флора Перез Маркота

Еве како изгледаат жените на најбогатите мажи во светот

Богатството на човекот кој е сопственик на Индитекс, заклучно со ноември 2016 година изнесувало повеќе од 70 милијарди долари. Флора долго време работела како секретарка на Амансио, а во 2001 година тие стапиле во брак.

8. Стефан и Каролин Персон

Еве како изгледаат жените на најбогатите мажи во светот

Стефан Персон, претседател на бордот на директори на H&M има богатство од околу 20 милијарди долари. Неговата жена, Каролин, не е типичен лик во високото општество. Стефан самиот се обидува да го избегне појавувањето на нејзиното име на вестите, а се знае дека овој пар има три деца и тие водат најобичен живот.

9. Бернард Арно и Елен Мерси

Еве како изгледаат жените на најбогатите мажи во светот

Сопственикот на Dior, Givenchy, Selin, Lacroix, Kenzo, Guerlain, Sephora, Hennessy, Moёt & Chandon, Dom Perignon, Pommery, Veuve Clicquot, има богатство од 30 милијарди долари, забележано во ноември оваа година. Тој се поврзал со неговата жена преку музиката. Бернард сака класични композиции, а Елен е професионална пијанистка. Овој пар стапил во брак во 1991 година и тие се родители на пет деца, од кои две се од првиот брак на Бернард.

10. Мајкл и Сузан Дел

Еве како изгледаат жените на најбогатите мажи во светот

Сегашниот нето приход на Мајкл изнесува повеќе од 20 милијарди долари. Тој ја запознал својата партнерка на состанок на слепо. Сузан била професионална спортистка која учествувала на меѓународен шампионат. Оваа атрактивна спортистка која можеа да плива, да вози велосипед и да трча брзо, го освоила срцето на Дел. Тие сега имаат четири деца.

11. Мајкл Блумберг и Дијана Тејлор

Еве како изгледаат жените на најбогатите мажи во светот

Мајкл Блумберг е политичар, претприемач и поранешен градоначалник на Њујорк, чиешто богатство изнесува повеќе од 40 милијарди долари. Тој се развел од неговата прва сопруга и бил во врска со Дијана од 2000-тата година. Тие и двајцата низ неколку наврати се изјасниле дека не ја гледаат причината зошто би требало да се венчаат официјално.

12. Дејвид и Џулија Кох

Еве како изгледаат жените на најбогатите мажи во светот

Дејвид Кох се наоѓа на чело на една компанија која се занимава со трговија, инвестиции, преработка на нафта, хемиско производство, вештачки влакна и пластика. Неговото богатство во ноември 2016 година било проценето на 40 милијарди долари. Тој се оженил со својата сопруга пред 20 години и имаат три деца. Џулија ретко се појавува во јавноста и поголемиот дел од своето време го посветува на семејството и на добротворниот фонд на Кох.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар