Како изгледаат сопругите на најбогатите мажи во светот?
Луѓето честопати мислат дека жените на милијардерите се разгалени супер модели кои ги трошат деновите одејќи на фризер, шопинг и слично. Но, дали е тоа навистина така? Денес ви прикажуваме како изгледаат жените на едни од најбогатите мажи во светот.
1. Марк Цукерберг и Присила Чен
Нето приходот на Марк Цукерберг во ноември 2016 година е повеќе од 50 милијарди долари. Тој се запознал со неговата сегашна сопруга додека бил студент на Харвард. Присила секогаш ги поддржувала неговите напори и верувала во неговиот успех. Тие се венчале на 19-ти мај 2012 година, со скромна церемонија организирана во нивниот дом. На 2 декември 2015 година, Марк и Присила станаа родители на девојче.
2. Ворен Бафет и Астрид Менкс
Ворен Бафет е еден од најпознатите инвеститори во светот. Неговото богатство во ноември 2016 година било повеќе од 70 милијарди. Тој се запознал со Астрид во 1970-тите години, кога таа работела како келнерка. Таа e 16 години помлада од него, со што докажуваат дека љубовта може да освои сѐ.
3. Бил и Мелинда Гејтс
Во ноември оваа година богатството на Бил Гејтс било повеќе од 80 милијарди долари. Бил ја запознал неговата партнерка на крајот од 1980-тите години, на една конференција организирана од страна на Мајкрософт (таа била една од вработените во компанијата). Тие стапиле во брак во 1994 година и заедно израснале три деца. Исто така од нивна страна е основан и најголемиот добротворен фонд во светот.
4. Лери Пејџ и Лусинда Саутворт
Лери Пејџ е еден од основачите на Гугл. Неговиот нето приход во ноември 2016 година бил повеќе од 30 милијарди долари. Помалку се знае за неговата партнерка, која е 7 години помлада од него. Тоа е така затоа што таа се обидува да го избегнува вниманието од јавноста. Познато е дека тие се венчале само неколку месеци откако ја започнале нивната врска.
5. Џеф и Мекензи Безос
Џеф Безос е основач на Амазон. Неговата нето вредност во ноември 2016 година е повеќе од 60 милијарди долари. Тој ја запознал неговата партнерка во 1992 година. Подоцна, Мекензи во едно интервју открива:
„Нашите канцеларии беа веднаш една до друга и на крајот од деновите постојано го слушав неговото прекрасно смеење. Како би можела да не се заљубам?“
Една година подоцна, тие стапиле во брак и сега имаат четири деца.
6. Ричард и Џоан Бренсон
Богатството на основачот на Вирџин Груп било околу 5 милијарди долари во ноември оваа година. Ричард ја запознал својата идна сопруга во продавница за антиквитети, па и покрај фактот дека била омажена, тој ја прогонувал со години. На крајот, таа го напуштила својот сопруг за нејзиниот најжесток обожавател. Сега тие имаат две деца.
Преминете на следната страница за останатите дами од оваа листа…