Како изгледаат духовите во различни земји ширум светот? - Part 3

Како изгледаат духовите во различни земји ширум светот?

Хавајски ноќни воини (Hawaiian Night Marchers)

Како изгледаат духовите во различни земји ширум светот?

Ова се духови на древните хавајски воини кои ги заштитувале светите луѓе. Тие не се злобни, но немојте да ги гледате директно во очи, бидејќи така можете да го изгубите животот според легендата. Ако некој од воините е ваш предок, ќе бидете поштедени. Се верува дека ако им се најдете на патот, треба да се соблечете и да легнете со лицето свртено надолу. Постојат и верувања дека ако уринирате на себе, ќе успеете да се спасите. Што и да решите да направите, не ги гледајте директно!

Понтијанак (The Pontianak)

Како изгледаат духовите во различни земји ширум светот?

Во индонезискиот и малезискиот фолклор, понтијанаките се духови на жени кои умреле додека биле бремени. Понтијанаките имаат долга коса, бледа кожа, црвени очи и остри нокти со кои ги расекуваат стомаците на нивните жртви за да можат да се нахранат од органите. Тие исто така ја пијат крвта на новороденчињата. Понтијанаките понекогаш наоѓаат жртви со тоа што ја душкаат нивната штотуку испрана облека, така што размислете уште еднаш дали сакате да ги закачите алиштата да се сушат на жица надвор на тераса!

Тијанак (Tiyanak)

Како изгледаат духовите во различни земји ширум светот?

Тијанаките постојат во филипинскиот фолклор и тие се духови на фетусите чии мајки умреле пред да ги родат. Станува збор за демонски бебиња кои личат на вампири и ги намамуваат жртвите во шумата со плачење. Обично жртвите се губат во шумите, но можат да се спасат ако ги облечат алиштата наопаку.

Дибук (The dybbuk)

Како изгледаат духовите во различни земји ширум светот?

Според еврејскиот фолклор, дибукот е дух кој ги опседнува телата на живите луѓе. Постојат различни верувања за неговите вистински намери, но во секој случај главната цел му е да му нанесе штета на човекот кој го опседнал.

Онрио (Onryō)

Како изгледаат духовите во различни земји ширум светот?

Во Јапонија, „онрио“ се преведува како „одмаздољубив дух“. Неговиот изглед е онаков каков што бил непосредно пред смртта, така што честопати се појавува повреден и ранет. Постојат повеќе легенди за овој дух, но најпозната е онаа за Оива. Оива била жена на Иемон, кој ја отрул за да може да се ожени со друга жена. Отровот го деформирал лицето на Оива, па така кога таа го видела нејзиниот нов изглед, полудела и ненамерно се убила набодувајќи се на меч. Оива го прогонува Иемон и го принудува да ја убие неговата нова жена и нејзината фамилија. На крајот, тој го губи разумот и убива. Приказните за онрио послужиле како инспирација за многу хорор филмови, меѓу кои и добро познатиот „Бес“ (The Grudge).

Ако ви беше интересна оваа тема, можеби би сакале да прочитате и за најпознатите опседнати хотели во светот!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар