Како изгледа животот на жена која родила 44 деца?
Понекогаш родителите едвај се справуваат со едно или две деца, па замислете како би изгледало да имате 38. Една 39-годишна жена од Уганда родила вкупно 44 деца. Изгубила 6, што значи дека сега се грижи за 38 деца.
Нејзиното име е Маријам Набатанзи и нејзиниот живот воопшто не лесен. Кога мала само 13 години, нејзините родители ја продале на маж кој бил 27 години постар од неа. Ѝ кажувале дека тоа е брак, но на Маријам не ѝ било јасно што се случува сè додека не била оставена во неговата куќа. Една година подоцна родила близнаци, следната година тројка, а наредната година четворка.
Бидејќи била само тинејџерка, за Миријам бракот бил навистина тешко патување.
„Мојот сопруг имаше деца од неговите претходни врски и јас морав да се грижам и за нив бидејќи мајките беа насекаде. Исто така тој беше насилен и ме удираше секогаш кога можеше, дури и кога само ќе предложев нешто што не му се допаѓа.“
Koга Миријам веќе имала 23 деца, одлучила дека не може повеќе и ги прашала лекарите дали постои некоја процедура што нема да ѝ дозволи да остане бремена. По детален преглед, лекарите ѝ рекле дека има голем број јајце клетки и дека каква било процедура може да ѝ го загрози здравјето.
Миријам родила вкупно 44 деца – 6 пара близнаци, 4 тројки, 3 четворки и само 2 деца биле родени без „копија“. Уште 6 од децата починале. Миријам изјавила дека воопшто не ѝ е криво и дека децата се дар од Бог.
Единственото нешто што ја разочарувало било тоа што нејзините деца растеле без татко. Нејзиниот сопруг често исчезнувал по неколку месеци, потоа години и на крај целосно ги напуштил. Никогаш не бил вклучен во одгледувањето на децата, освен што им давал имиња, што понекогаш се случувало и преку телефон. Најстариот син кој има 23 години, изјавил дека го нема видено татко му од 13-годишна возраст.
Продолжува на следната страница…
Sekoja cest za hrabrosta koja ja ima..