Како изгледа производството на чоколадо?
Со оваа направа се лупат зрната. Под машината се наоѓа вакуум што ги влечи лушпите на зрната.
Излупените зрна сега се подготвени за мелење.
Зрната постепено се додаваат во мелницата. Триењето од процесот создава топлина што го топи путерот од какаото во зрната. Околу 50% од масата на зрната е путер кој се топи на телесна температура. Во оваа фаза се додава шеќер (30% од масата за 70% темно чоколадо), млеко во прав и вкусови.
Чоколадото останува во мелницата 3 дена. До тогаш големината на честичките е намалена и смесата е хомогена. Во овој процес се развива и вкусот на чоколадото. Постојат и помали мелници што работат на истиот принцип.
По 3 дена чоколадото се истура на пластична хартија и се остава неколку недели за подобрување на вкусот.
Чоколадото постои во неколку разни форми кристали. За да се добие совршената смеса, прецизно се намалува и покачува температурата. Чоколадото се става во калапи што вибрираат за да се отстранат меурите воздух. Потоа се остава неколку часа во фрижидер.
Еве како изгледа завршениот производ.
Ако сте љубител на чоколадото, сигурно ќе ве интересираат овие интересни факти за него.