Како изгледа патувањето со најлуксузниот авион во светот?
Апартманите за патниците од прва класа се малку „поедноставни“. Тие зафаќаат простор од околу 5 метри квадратни. Билетот за истиот пат од Абу Даби до Лондон чини од 7.900 до 9.200 евра.
Во оваа класа, преградата помеѓу апартманите може да се повлече наназад кон кабинските прозорци за да можат патниците да си разговараат со нивните соседи. Но, за да се одбегнат можните недоразбирања, преградата може целосно да се затвори.
Вака изгледаат тоалетите во прва класа. Тие имаат ве-це плочки и лавабоа од мермер.
Во бизнис класата, пак, секој патник си има своја кабина со преграда во која седиштето може да се претвори во кревет само со притискање на едно копче.
На секој патник му се обезбедни бесплатни чорапи, тампони за уши, четка за заби, чешел и други основни работи потребни за патување.
Во опашката на авионот на вториот кат има мал бар со удобни каучи за сите патници од бизнис класата.
Првиот кат е наменет за патниците од економска класа. Дури и кај оваа класа, на седиштата има перници со цел патувањето да биде што е можно поудобно.
Пределот до излезите во случај на опасност во економската класа.
Детски прибор за јадење.
Пилотската кабина.
Исто така, вработените имаат сопствена соба каде што можат да се одмораат веднаш зад пилотската кабина. Во неа има мал кревет и стол и доволно место за пилотите и екипажот да одморат малку.
Имајте пријатен лет!