Како изгледа изгрејсонцето на другите планети?
Најубавиот дел од секој ден се изгрејсонцата и зајдисонцата, со прекрасниот спектар на бои. Но, дали некогаш сте се запрашале како изгледа изгрејсонцето на друга планета или од некој природен сателит во нашиот соларен систем? Дигиталните илустрации на Рон Милер, кој со децении работел на креирање и опишување пејзажи надвор од нашата планета, може да ни помогнат во создавањето одредени слики во нашите глави.
1. Меркур
Меркур се наоѓа на само 60 милиони километри од сонцето, затоа изгрејсонцето на оваа планета е три пати посилно и посветло отколку на Земјата.
2. Венера
Сонцето кое може да се види од површината на Венера е оддалечено 108 милиони километри (72% од растојанието меѓу Земјата и сонцето). Поради густите облаци кои ја покриваат оваа планета, тоа се гледа како светлосни линии на небото, кои се пробиваат низ мрачните бои.
3. Марс
Марс орбитира околу сонцето на растојание од околу 230 милиони километри, што е за 1,5 пати подалеку од Земјата. Но, растојанието не ја намалува видливоста на сонцето, туку силните ветрови кои со себе носат голема количина на прашина и во најоддалечените делови од атмосферата на оваа планета.
4. Јупитер
Вака изгледа изгрејсонцето од Европа, еден од сателитите на Јупитер. Оваа планета е многу пооддалечена и се наоѓа на 779 милиони километри од сонцето или за 5,2 пати на поголемо е растојанието од она меѓу Земјата и сонцето. Изгрејсонцето го осветлува Јупитер со црвеникав прстен.
5. Сатурн
Сатурн е една од најлесно препознатливите планети во нашиот сончев систем. Таа орбитира околу сонцето на растојание од 1,5 милијарди километри или (9,5 пати поголемо растојание од она меѓу Земјата и сонцето). Сончевите зраци се прекршуваат од изобилството на водени кристали и гасови, создавајќи неверојатни пејзажи, како „лажно сонце“.
6. Уран
На Ариел, еден од сателитите на Уран, би можеле да видите едно необично и спектакуларно изгрејсонце. Тука сонцето едвај успева да емитува топлина, бидејќи планетата е оддалечена 2,8 милијарди километри од него.
7. Нептун
Вака би изгледало изгрејсонцето кога би го гледале од Тритон, најголемиот сателит на Нептун. Оваа планета од сонцето е оддалечена 4,5 милијарди километри. Големите гејзири од прашина и гас на оваа ледена планета го затемнуваат малиот диск од светлина што се гледа во далечината.
8. Плутон
Од гледна точка на најоддалечената планета џуџе во системот, сонцето е само малку поголема точка светлина. Плутон е шест милијарди километри оддалечен од сонцето, што значи дека светлината што стигнува до оваа планета е за 1,600 пати потемна од онаа на Земјата.