Како изгледа еден ден од животот на девојка со интензивен ПМС?

Како изгледа еден ден од животот на девојка со интензивен ПМС?

ПМС-от знае да биде кошмар за некои девојки. Лудиот ролеркостер од емоции не е нешто со што секој би можел лесно да се справи. Токму затоа, ако и вие сте во моментов во тие денови, за малку да ве насмееме, погледнете што се случува во главата на една девојка која страда од интензивен ПМС во текот на еден ден…

Како изгледа еден ден од животот на девојка со интензивен ПМС?

7:30 – Не ми се станува од кревет денес. Мразам работа. Мразам да возам до работа. Мразам затоа што ги поминувам најдобрите години од мојот живот седејќи на едно место, цел ден. Мразам сè! Која е целта?

7:31 – Ох леле… да не сум депресивна? Дали вака изгледа да си клинички депресивен? Навистина боли насекаде. Моите гради, мојот грб… Ах, погрешен аларм. Дошло време за ПМС.

7:45 – Што убаво, многу сакам „рандом“ мозолчиња. Особено оние кои се на средината од моето чело кои едноставно не можат да бидат скриени со капа или со други модни додатоци. Сега целиот свет ќе знае што се случува под површината на мојата кожа.

8:00 – Без разлика колку шминка ставам на моето лице, повторно ќе изгледам како вампир. А кога ќе се сетам дека уште не ми ни започнал циклусот… Страшно!

8:05 – Одлично! Предебела сум за сите парчиња облека кои ги поседувам и сакам да го запалам целиот мој шкаф.

8:06 – Можеби ќе успеам да ја скријам мојата дебелина со неколку слоеви облека…

8:08 – Совршено. Изгледам како блед бездомник со акни на лицето. Токму тоа и го барав од мојот изглед.

8:15 – Сè што сакам да јадам во моментов е нешто благо. Не ми е важно точно што, важно е да биде со многу шеќер. Ако не го направам тоа, цел ден ќе мислам на вкусни десерти и ништо нема да завршам од работата.

8:20 – Здраво, добро утро. Една крофна со чоколадо ќе ве молам. Благодарам.

8:21 – Мх, мх, мх, мојот живот повторно има значење! Ова е највкусната крофна која некогаш сум ја јадела!

8:25 – Се мразам себеси за тоа што го направив сега.

8:27 – Не, знаете што? Го заслужив тоа! И за ручек ќе јадам салата, па крофнава нема воопшто да се одрази на моето тело.

8:45 – Се прашувам зошто дечко ми сè уште не ми пишал? Секогаш ми пишува кога станува. Ептен не е романтичен. Сигурно не ме сака. А може и воопшто да не му се допаѓам. Ох, зарем е можно да сме тргнале кон патот на раскинувањето? Можеби треба да раскинеме пред работите да станат полоши. Ќе најдам некој друг. Како се почнува од почеток?

8:48 – О, еве го. Леле колку е сладок и грижлив. Го сакам!

9:29 – Дали го гледам колегата како отвора чоколадо? Само да не ми понуди! Само да не ми понуди!

9:30 – Секако дека сакам еден ред чоколадо, ти благодарам што сподели и со мене. Не можам да го одбијам, тоа би било непристојно.

9:31 – Мх, мх, мх, како не сум го јадела ова чоколадо досега? Превкусно е!

9:34 – Може уште еден ред? Штетата и онака е веќе направена.

9:37 – И ете ме пак, се мразам! Зошто? Зошто не можам да се контролирам во вакви ситуации? И зошто моите колеги мора да го хранат мојот внатрешен ПМС ѕвер? Зарем не би требало веќе да имаат увид во мојот циклус?

10:01 – Искрено, мислам дека се поправив 5 килограми од утрово. Ќе ручам само марула со лимон, не може ова вака!

10:59 – Го обожавам моето куче! Што ќе правам кога тоа ќе почине?

11:01 (15-минутно чудно плачење во тоалет насамо, кое не може да се доведе под контрола)

11:20 – Ахахаха, не ми се верува што прочитав на Твитер. Овие луѓе се навистина смешни. И не ми се верува дека пред само неколку минути плачев. Нема причина да бидам вознемирена за нешто што сè уште не се случило. Ептен сум луда.

11:32 – Понекогаш имам чувство дека сите на Инстаграм ме мразат.

11:35 – Всушност не ми е гајле. Јас ќе си објавувам сè што сакам, а ако на некој му пречат моите фотографии може слободно да ме отследи.

11:36 – Не, не ме отследувајте. Ми требаат вашите лајкови на моето новото селфи кое и покрај тоа што помина низ многу филтри, сè уште изгледам како бездомник. Како инаку би си ја открила одново мојата љубов кон себе преку социјалните мрежи?

12:00 – Време е за мојата марула со лимон.

12:05 – Да, ќе дојдам на ручек со тебе. И онака немав планови.

12:31 – Леле, зошто храната е олку вкусна? Не знам дали е до ПМС-от (дефинитивно е до ПМС-от), но мислам дека можам да изедам 10 пици за 10 минути без притоа да зажалам за ништо!

12:45 – Јас сум свиња. Јас сум дебела свиња и никој никогаш нема да ме сака!

1:07 – Ми се допаѓаат овие денови од месецот кога градите ми се поголеми од вообичаено. Се чувствувам многу женствено.

1:10 – Моите бутини се огромни и прават да се чувствувам како џин.

2:52 – Се прашувам што прави дечко ми. Никаде го нема. Можеби треба да го потсетам дека постојам.

2:53 – Извини, не мислев да ти напишам така. Само ми недостасуваш и сакам да те прегрнам. Мислам дека сум пречувствителна денес.

3:03 (15-минутно чудно плачење во тоалет насамо, кое не може да се доведе под контрола)

4:12 – Едвај чекам да си одам дома, да ги облечам најудобните пижами, да си направам пуканки и да си пуштам некоја романтична комедија за да ме расположи. Ох, колку сум патетично стереотипна.

4:15 – Не, ќе одам во теретана да вежбам! Ќе го испотам ПМС-от и ќе го скротам ѕверот. Ја имам моќта!

5:45 – Мразам сообраќај! Го мразам премногу! Ова е ужасно. Никогаш нема да стигнам дома. Или во теретаната. Ова е катастрофа. Мислам дека ќе се откажам тука, на лице место. Ќе го изгасам автомобилот на сред улица и нема да мрднам од седиштето.

6:01 – И зошто сè уште дечко ми не ми пишува да ме праша како сум?

6:02 – Имам потреба од моето куче. Сакам да го гушнам. Тоа нема да се случи во теретаната. Ништо, ќе одам дома и ќе бидам дебела уште еден ден.

6:30-10:00 – Го заслужувам ова вино. Нели викаат дека една чаша на ден е добра за здравјето? Па, тоа значи дека 4 мора да се одлични! И филмот беше супер, можеби би требало да си пуштам уште еден… Или да преминам на некоја серија?

10:05 – Здраво дечко ми. Знам дека обично не преспиваме еден кај друг за време на работните денови бидејќи животот е ужасен и работата е пекол, но навистина би сакала да дојдеш вечерва и да ме гушкаш. Те молам?

10:15 – Јухууу, дојде!

10:40 – Извини ама воопшто не сум расположена за секс вечерва. Се чувствувам ужасно. Те молам престани да се обидуваш, може?

11:10 – Еј, буден си уште? Мислам дека сега сум расположена.

11:30 – Добро вечер свету, се гледаме утре.

12:00 – По ѓаволите, гладна сум!

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар