Како изборот на факултетот влијае врз успехот во кариерата по дипломирањето?

Како изборот на факултетот влијае врз успехот во кариерата по дипломирањето?

Една нова студија спроведена на 29.560 дипломирани студенти открила дека самиот факултет не влијаел врз нивното задоволство откако завршиле, ниту пак врз нивната ангажираност во работата. Без разлика на реномето на факултетот, тајната за среќа и задоволство во работата и животот се кријат на друго место.

Како факултетот влијае врз успехот во кариерата по дипломирањето?

Со оглед на големите разлики во цената помеѓу факултетите, ова откритие е навистина големо изненадување. Она што навистина влијаело врз среќата и задоволството на работното место по факултетот биле личните искуства кои студентите ги доживувале за време на студирањето. На пример, оние кои најмногу се ангажирале во работата се оние кои:

  • имале ментор кои ги охрабрувал
  • имале професор кој навистина се грижел за нив како личности
  • имале барем еден професор кој им направил учењето да им биде возбудливо
  • посетувале факултет кој ги мотивирал студентите за долгогодишен успех

Истите овие фактори придонесувале и за општиот успех во животот, а не само во работата. Други фактори кои исто така имале влијание се и оние при кои студентите:

  • стажирале на место каде што можеле да го применат во пракса она што го научиле на предавања
  • биле поактивни во дополнителни активности
  • работеле на проект кој требало да се заврши за еден семестар или повеќе

Погледнете ги сите резултати кои се добиле со ова истражување…

Како факултетот влијае врз успехот во кариерата по дипломирањето? Како факултетот влијае врз успехот во кариерата по дипломирањето?

Вкупниот број на дипломирани студенти кои ги доживеале овие фактори се разочарувачки. Само 14% се согласиле дека професорите се грижеле за нив, а 6% биле вклучени во дополнителни активности или стажирале на место кое било поврзано со нивните студии. Од сите студенти кои завршиле факултет, само 39% биле ангажирани во работата.

Оваа студија заклучила дека студентите кои се обидуваат да сфатат кој факултет да го изберат и работодавците кои се обидуваат да одлучат кои апликанти да ги примат треба да имаат на ум дека:

„…одговорите би можеле да се наоѓаат во она што студентите го правеле за време на студирањето и начинот на кој тие тоа го доживувале. Тие елементи, повеќе од сите останати, имаат огромна поврзаност со животот и идната кариера по дипломирањето.“



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар