Како Интернетот го менува начинот на којшто размислуваме?
Интернетот навистина ни го промени животот – ни помага во навигацијата, ни помага да се поврземе со пријателите и има навистина неочекувани ефекти на човечкиот мозок. Некои експерти сметаат дека ни се намалува вниманието, чувството на емпатија и слично. Но некои сметаат дека Интернетот може да нè направи попаметни и да ни помогне да станеме свесни и за туѓите перспективи. Погледнете како Интернетот го менува нашиот начин на размислување.
1. Го намалува нашето внимание
Луѓето со години се загрижени за влијанието на Интернетот врз концентрацијата, а според истражување од 2015-та година, стравовите дека ќе станеме дигитални златни рипки стануваат реалност.
Просечната златна рипка има внимание од околу 9 секунди, a луѓето имале внимание од 12 секунди до 2000-та година кога се намалило на 8 секунди. Истражувачите ја следеле промената назад до појавата на телефонот. Исто така, речиси 80% од луѓето помеѓу 18 и 24 години признале дека го земаат смартфонот кога ништо не им го привлекува вниманието. За споредба, ова го правеле само 10% од луѓето кои имаат над 65 години.
2. Нè заробува во постојано одвлекување на вниманието
Истражување од 2016-та година покажало дека корисниците го проверуваат нивниот смартфон 2.600 пати дневно. Ова значи милион пати годишно, а бројот само се зголемува. Оваа зависност е како постојано одвлекување на вниманието и е цена што мораме да ја платиме за тоа што го имаме светот на дланка.
3. Ја влошува долготрајната меморија
Информациите што доаѓаат од свесниот ум во долготрајната меморија бараат процесирање. Ако постојано сте изложени на нови информации, само ги внесувате и ги бришете од свесниот ум. Не им обрнувате доволно внимание за да останат со вас. Испитаниците од истражување од 2011-та година помнеле помалку работи бидејќи знаеле дека подоцна ќе можат да ги најдат на Гугл. Ова значи дека Интернетот може да го направи нашиот мозок мрзлив.
4. Прави да се чувствуваме поповрзано и целосно осамено во исто време
Кога станува збор за социјализирање, навидум изгледа одлично да имате многу пријатели на социјалните мрежи. Комуницирате со нив и се чувствувате поврзано. Но, сигурно сте ја забележале и лошата страна на онлајн поврзувањето. На социјалните настани, често луѓето се на нивните смартфони, па интеракцијата во живо се намалува. Истражувањата покажале дека колку повеќе време минувате на Интернет, толку поретко комуницирате со семејството и пријателите во живо.
5. Ни ја намалува емпатијата
Доволни се само неколку часа на Интернет за да ја забележите темната страна на луѓето – злобни коментари, „тролови“, напади на Твитер… Наводно, одвлекувањето на вниманието од страна на Интернетот ја намалува длабочината на врските помеѓу луѓето. Едно истражување покажало дека колку повеќе ви е одвлечено вниманието, толку поретко чувствувате емпатија.
6. Нè прави или попаметни или поглупави
Мозокот во текот на целиот живот формира нови врски и може физички да се промени и да се адаптира. Ова може да има и позитивни и негативни ефекти. Секоја промена не значи дека е добра. Многу луѓе сметаат дека ако мозокот може да се адаптира, кога-тогаш ќе се прилагоди на постојаниот доток на информации. Но тоа не значи дека ќе станеме попаметни, можно е да станеме и поглупави сè со цел да се адаптираме.
Продолжува на следната страница…